ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата на советничките листи, во втор круг уште поголема победа за Куманово
Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата на советничките листи, во втор круг уште поголема победа за Куманово
ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ГИ ОБЕДИНУВАМЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ ЗА ПОБЕДА
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ГИ ОБЕДИНУВАМЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ ЗА ПОБЕДА
Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!

Интервју со Петре Шилегов: Секојдневните позитивни реакции на граѓаните за мене претставуваат валидна потврда дека сме на вистинскиот пат

Изминаа речиси четири години од мандатот, како во неколку реченици ќе го опишете вашето работење? Кои се принципите на кои вие ги креирате политиките во градот?

Искрено сметам дека секој градоначалник пред и по преземањето на одговорноста да управува со градот мора постојано да си го поставува прашањето „дали е ова градот во кој заедно со своето семејство сакам да го поминам остатокот од својот живот?“. Ако кон градот се однесувате како кон сопствениот дом, тогаш нема простор за импровизации. Мојата визија за развојот на Скопје ја претставив пред граѓаните на изборите пред 4 години. Довербата ја добив заради тоа што таа визија во квалитативна смисла беше значително подобра од другите. Изминативе 4 години заедно со мојот тим посветено работевме на реализацијата на таа визија. Секојдневните позитивни реакции на граѓаните за мене претставуваат валидна потврда дека сме на вистинскиот пат. Најголемата потврда очекувам да стигне на претстојните избори и тоа во првиот круг. Чесниот и одговорен пристап кон работата и предизвиците на средините во кои живееме секогаш носи успех, не зошто би било поразлично во мојот случај.

Кои се петте најважни проекти реализирани за скопјани во последните четири години?

Двата нови мостови на Вардар, оној на АСНОМ кој е скоро готов и оној на Љубљанска кој неодамна започна да се гради. Започнавме со реконструкција на објектот на Универзална сала во постојниот облик и габарит, онаква каква што граѓаните одбраа да изгледа, каква што ја паметат отсекогаш. Четирите нови булевари изградени во само еден мандат (АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош) се нешто на што сме особено горди. БРТ системот на брз автобуски превоз за кој склучивме договор со ЕБРД за кредит од 70.000, како супститут на трамвајот кој скопјани го чекаа повеќе од 40 години е можеби најголемиот проект кој го започнавме и доведовме до точка од која нема враќање. Имаме неколку нови паркови, зелени кровови и урбани скверови на повеќе локации. Враќањето на Дрисла во рацете на градот, заедно со отворањето на АД ГЕС и ЈП Лајка се исто така огромен чекор напред кој гарантира поквалитетен живот за нашите сограѓани.

Факт е дека и голем дел од ветените проекти останаа нерализирани, на што се должи тоа?

Не, факт е дека најголем дел од проектите успеавме да ги реализираме и тоа се должи на посветена работа и грижа за функционирањето на овој град. Останаа пар проекти како тунелите под Кале или можеби селењето на градската администрација во нова кои ќе почекаат подобри времиња. Се работи за проекти каде што брзањето и правењето отстапки може да доведе до грешки како автопатот КичевоОхрид, кога цела држава трпи штета заради погрешен проект. Скопје немам намера да го вовлекувам во таква авантура, парите на граѓаните мора да се трошат многу внимателно и многу одговорно. Тука нема простор за компромиси и импровизации.

Живееме во делумно небезбеден град во кој честострадаат велосипедисти и пешаци, според вас дали Скопје е „велоград“ или град на „хаос во сообраќајот“?

Велосипедската мрежа која надмина 110 километри беше речи си двојно помала кога јас станав градоначалник е нешто што ме прави многу среќен. Денес веќе не се градат нови булевари без велосипедски патеки каков што беше случајот со булевар Србија на пример, како еден од поновите булевари на мојот претходник. Скопје е побогато за над 12.000 велосипеди и околу 600 тротинети само по основ на субвенциите кои им ги исплативме на граѓаните. Не мислам дека ова е малку, но секако нашата битка во тој правец не застанува тука. Се уште има простор и за нови велосипедски патеки и за унапредувањето на јавниот превоз и за зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот.

Што е променето во последните неколку години од аспект на зеленилото, животната средина и урбаното живеење?

Паркот Ибни Пајко, кој сега се простира на површина од 11 илјади метри квадратни, пред само 3 години беше нелегално паркиралиште. Покривот на ГТЦ беше прогласен за т.н. топлотен остров во студија на УНДП, пред да стане прекрасен зелен покрив полн со луѓе. Плочникот пред ГТЦ на секој поголем дожд се полнеше со вода, сега таму има прекрасни дрвореди на јапонски јавор. Ослободени се тротоарите од паркирани возила, обновено е булеварското зеленило. Редизајнирани се повеќе јавни простори и претворени во нови урбани скверови со повеќе зеленило. Две години по ред ЈП Паркови и зеленило го руши сопствениот рекорд на озеленети површини на годишно ниво, минатата година надмина 115.000 метри квадратни. Скопје ги доби и првите 2 памптрак полигони. Ги реконструиравме мостовите, а во тек е реконструкција на патеките во градскиот парк. Цели 3 години веќе нема гужви од паркирани возила на Водно, има повеќе простор за спорт и рекреација, има нова Пионерска апхил велосипедска патека од Кочо Рацин до Средно Водно, прва од вкупно 3 предвидени во проектот „Велосипедски парк Водно“.

Опозицијата ве обвинува за недомаќинско работење, велат „ многу се троши, а малку се работи“ кој е вашиот став за овие обвинувања?

Опозицијата може да обвинува за што сака, фактите го говорат спротивното. Четири нови булевари изградени речи си истовремено, удвоена велосипедска мрежа, започната реконструкција на Универзална, воведување на БРТ систем на брз автобуски превоз, 33 нови еко автобуси и над 100 комунални возила за јавните претпријатија, реконструирани сите средни училишта и да не редам понатаму. Зошто на сето ова опозицијата решава да остане слепа е веројатно причината заради која ќе остане опозиција уште најмалку 4 години.

Речиси сите улици се раскопани во градот, што вклучува актуелната градежна офанзива?

Далеку сме од сите, но се согласувам со вас дека многу улици се градат и реконструираат истовремено така што тоа постојано наликува на некоја градежна офанзива која никогаш не престанала. Во моментов се гради делот од бул. АСНОМ кој се наоѓа во Керамидница, при крај е мостот на АСНОМ, во тек е пробивањето на бул. Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, при крај е пробивањето на ул. Есенинова, на почеток се бул. Васко Карангелески, клучката кај Момин поток, новиот мост на Љубљанска, на бул. Киро Глигоров работиме на промена на атмосферска и фекална канализација, се реконструира ул. Лука Геров, при крај се велопатеките на булеварите Видое Смилевски Бато и Александар Македонски, на повеќе локации се менува уличното осветлување со „паметно“ ЛЕД осветлување… Се надевам дека не пропуштив нешто.

За што ви забележуваат најчесто граѓаните и сопартијците? Кои се најчестите барања на скопјани?

Барањата се тесно поврзани со потребите на граѓаните во средините во кои живеат. Практично се што работиме е некаков вид на одговор на најчестите барања на нашите сограѓани. И току затоа градиме нови булевари, нови мостови, нови велосипедски патеки, ја реконструираме постојната инфраструктура, целосно го реформираме јавниот превоз на патници, го обновуваме постојното зеленило, подигнуваме нови зелени површини, воведуваме нов систем за третман во комуналниот отпад, работиме на процесите на дигитализација кои се дел од проектот паметен град, поддржуваме различни проекти на невладини организации, спортисти, уметници, млади луѓе, средношколци… Ако можеме вака да ги дефинираме работите, тогаш веројатно овие се најчестите барања на нашите сограѓани и токму на тие барања постојано им излегуваме во пресрет.

На „Скопје 2014“ не му фали ниту една цигла. Како според вас „контроверзниот“ проект остана недопрен по четири години владеење на СДСМ во Скопје?

За жал или за среќа, зависно од кој агол гледате, Северна Македонија е правна држава. Иако најголем дел од спомениците се „дивоградби“ сепак за нивното отстранување предвидени се соодветни правни процедури кои подразбираат меѓусебна соработка на Град Скопје со други институции од локално и национално ниво. Почитувањето на овие правни процедури за жал во овој случај целиот процес на демонтирање на овој криминален проект го прави по бавен. Но јас лично не се откажувам. Споменикот на Ќосетонајголемиот егзекутор од нашето минато е тргнат од пред судската палата каде што го засадивме дрвото на човековите права. Галиите на кејот на Вардар, на пример, мора да бидат демонтирани заради безбедност и заштита од поплави. Нивното демонтирање е дел од една исклучително бавна судска постапка, но и тоа може да се смени. Чекор по чекор и тоа ќе го реализираме.

Колку вашата визија за практикување локална политика се разликува со партиската? Дали проектите и политиките се ваши и на вашиот тим или пак се наметнати од повисоки партиски структури?

Жал ми е што живееме во општество во кое сеуште некој очекува дека принципот „Миле, ми текна“ практикуван од Груевски цели 11 години ќе боде применуван и по рушењето на неговиот режим. СДСМ функционира на многу поинаков и спротивен начин од она што го работеа моите претходници. Ние ги слушаме граѓаните, ги следиме нивните потреби и заедно ги бараме најдобрите решенија за тие потреби. Приоритетите не ги одредуваме ние, туку граѓаните заедно со нас. Кога се работи на овој начин нема простор во разлики во моите и партиските политики, проекти и визии за Скопје. Никогаш не смееме да заборавиме дека тука сме заради граѓаните и дека тие на избори ни ја довериле одговоранта задача да управуваме со институциите на државата. Нашите програми ги следат нивните потреби, а не наметнуваат потреби каков што беше случајот во минатото. И тука нема простор за никакви разлики во политиките.

Која е проекцијата на Шилегов за Скопје во следните четири години? На што ќе се посвети внимание после октомври, 2021 година?

Ќе се обидам да издвојам неколку поголеми проекти чија имплементација веќе ја започнавме. Скопје во следниот мандат ќе биде побогато за 2 нови моста, на Љубљанска и на АСНОМ. Ќе биде завршена клучката кај Момин Поток капитален проект каков што не е направен во последните 40 години во нашиот град. Универзална Сала ќе биде реконструирана, новиот Луна Парк конечно ќе се реализира. Јавниот сообраќаен превоз ќе биде целосно трансформиран со воведување на БРТ системот на брз автобуски превоз. Уште многу други проекти ќе бидат дел од мојата програма, која ќе биде промовирана на официјалниот почеток на изборната кампања.

ИЗВОР СКОПЈЕ ИНФО

loading...

AnimeFreak: Little Witch Academia anime episode Full online free at https://animefreak.ws anime

Website https://wcostream.cc: Watch Needless wcostream Episode 24 dubbed anime

Watch Geneshaft Episode 13

Blue Gender (Dub) Episode 26

Credly: https://www.credly.com/users/animeflixnl/badges

Sites google: https://sites.google.com/view/aniwatch-official/home