ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА ЕДЕН ОД НАЈБРУТАЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ НОКАУТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА
ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА ЕДЕН ОД НАЈБРУТАЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ НОКАУТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА
ЗЛАТКО МАРИН: Со задоволство денеска го потпишав Меморандумот за соработка со претседателот на Македонската голф-федерација, Наум Јанакиев, со што го отворивме патот за изградба на голф-терен во Аеродром
ЗЛАТКО МАРИН: Со задоволство денеска го потпишав Меморандумот за соработка со претседателот на Македонската голф-федерација, Наум Јанакиев, со што го отворивме патот за изградба на голф-терен во Аеродром
НУКЛЕАРНА БОМБА ВО СОБРАНИЕ: Заев побара Собранието да гласа за доверба на Владата!
НУКЛЕАРНА БОМБА ВО СОБРАНИЕ: Заев побара Собранието да гласа за доверба на Владата!
(ВИДЕО) ГЕОРГИЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЧИПИРАНИ ОД МАЛИ ДА ЈА МРАЗАТ БУГАРИЈА, И ТУКА ЌЕ МОРА ДА ПРАВИМЕ КОРЕНИТИ ПРОМЕНИ ИНАКУ ЕУ НЕМА ШАНСИ!
(ВИДЕО) ГЕОРГИЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЧИПИРАНИ ОД МАЛИ ДА ЈА МРАЗАТ БУГАРИЈА, И ТУКА ЌЕ МОРА ДА ПРАВИМЕ КОРЕНИТИ ПРОМЕНИ ИНАКУ ЕУ НЕМА ШАНСИ!
(ВИДЕО) БРАВО: Армиските ренџери добија нови реновирани простории
(ВИДЕО) БРАВО: Армиските ренџери добија нови реновирани простории
(ВИДЕО) ОВА МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ГО КРИЈАТ ОД ЈАВНОСТА: СРПСКИОТ ТЕРОР ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1913 ДО 1941-ВА - УБИЕНИ ИЉАДНИЦИ ЦИВИЛИ, ОДЗЕМЕНА 70% ОД ЗЕМЈАТА И ДАДЕНА НА ДОСЕЛЕНИ СРПСКИ ЧИНОВНИЦИ, ВО ЗАТВОР ДЕСЕТИЦИ ИЉАДНИЦИ ЦИВИЛИ!
(ВИДЕО) ОВА МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ГО КРИЈАТ ОД ЈАВНОСТА: СРПСКИОТ ТЕРОР ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1913 ДО 1941-ВА - УБИЕНИ ИЉАДНИЦИ ЦИВИЛИ, ОДЗЕМЕНА 70% ОД ЗЕМЈАТА И ДАДЕНА НА ДОСЕЛЕНИ СРПСКИ ЧИНОВНИЦИ, ВО ЗАТВОР ДЕСЕТИЦИ ИЉАДНИЦИ ЦИВИЛИ!
НУКЛЕАРНА БОМБА НА ГЕОРГИЕВСКИ: ГРУЕВСКИ КАКО ПРЕМИЕР ВО ЕДНА ПРИЛИКА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР МУ ИЗЈАВИЛ ДЕКА ДЕКЛАРАЦИЈАТА Е ОБИЧЕН ЛИСТ ХАРТИЈА КОЈ НИШТО НЕ ЈА ОБВРЗУВА МАКЕДОНИЈА, И ЗАТОА БУГАРИТЕ РЕШИЈА ДА ОДАТ СО НОВА СТРАТЕГИЈА КОН НАС СО ДОГОВОРИ И АНЕКСИ!
НУКЛЕАРНА БОМБА НА ГЕОРГИЕВСКИ: ГРУЕВСКИ КАКО ПРЕМИЕР ВО ЕДНА ПРИЛИКА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР МУ ИЗЈАВИЛ ДЕКА ДЕКЛАРАЦИЈАТА Е ОБИЧЕН ЛИСТ ХАРТИЈА КОЈ НИШТО НЕ ЈА ОБВРЗУВА МАКЕДОНИЈА, И ЗАТОА БУГАРИТЕ РЕШИЈА ДА ОДАТ СО НОВА СТРАТЕГИЈА КОН НАС СО ДОГОВОРИ И АНЕКСИ!
(ВИДЕО) НЕ ЧИТАМЕ ШТО ПОТПИШУВАМЕ ПОСЛЕ ЦАЦКО НИ Е КРИВ, ДОСЕГА ОД ШТО ГИ ОДБРАНИВМЕ МАКЕДОНЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ИСПАДНА БАТО БАТО НЕМОЈ ВЕЌЕ ДА МЕ БРАНИШ! ШОУ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ НА МАКФАКС, ПОЛА ЧАС ЧИСТА ПОЛИТИЧКА ГЕНИЈАЛНОСТ
(ВИДЕО) НЕ ЧИТАМЕ ШТО ПОТПИШУВАМЕ ПОСЛЕ ЦАЦКО НИ Е КРИВ, ДОСЕГА ОД ШТО ГИ ОДБРАНИВМЕ МАКЕДОНЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ИСПАДНА БАТО БАТО НЕМОЈ ВЕЌЕ ДА МЕ БРАНИШ! ШОУ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ НА МАКФАКС, ПОЛА ЧАС ЧИСТА ПОЛИТИЧКА ГЕНИЈАЛНОСТ

ИНТЕРВЈУ со Темелковски: На просторот кај Расадник ќе овозможиме хумано живеење

Дупот за Расадник не е донесен, постапката е се уште во тек. Граѓаните имаа можност на јавна анкета двапати да даваат забелешки по однос на предлогот за дупот. Точно е дека имаше забелешки од незадоволни граѓани, но имаше и граѓани кои бараа поголема катност на зградите, вели во интервју за „Локално“, Филип Темелковски, градоначалникот на Кисела Вода.

Општината и да сака, според него, нема можности ниту пак средства да ги откупи плацевите и на тоа место, како што бараат граѓаните да направи парк. Но затоа, доколку се усвои дупот добитници, вели, „ќе бидат сите жители на општината“.

-Покрај зградите, во кои ќе живеат околу 8.000 жители, ќе има многу паркови со зеленило, детски игралишта, катна гаража, подземни паркинзи и нови улици. Предвидена е изградба на нова детска градинка, основно и средно училиште, а ќе биде изградена и поликлиника. Со сите овие придобивки, на просторот на расадникот ќе овозможиме хумано живеење, истакна Темелковски.

Се уште не размислува за нов градоначалнички мандат, но додека ја води Општината Кисела Вода, најважно од се му е да го исполни ветеното – да реализира најголем број од проектите, со кои досега, според него, во руралните и урбаните населени места видно ја подобриле инфраструктурата.

-За следната година, која е и последна од мојот мандат, имаме многу планови за подобар живот на сите жители на општината, додава градоначалникот на Кисела Вода.

Во каква состојба, ја наследивте општина Кисела Вода и на кој начин, Вие како градоначалник, ја променивте состојбата во внатрешноста?

-Кога ја презедов функцијата, Општина Кисела Вода беше многу задолжена, претходната власт неоправдано трошела премногу, доцнела и со враќањето на долговите, а недостигаше и потребен кадар за непречено и професионално функционирање. Изминатите три години, заедно со општинската администрација, вложивме многу труд да ја вратиме во форма институцијата. Сигурен сум дека со сегашното добро менаџирање, ќе направиме Општина без долгови.

Не е тајна дека Кисела Вода станува општина која најмногу се населува. Имено, граѓаните велат дека од густата населеност и зградите нема доволно зелена површина во општината, што значи и поголема фрекфентност на возила и загаден воздух. Како општина Кисела Вода се справува со ваквите проблеми?

-Ме радува фактот што од страна на граѓаните има голем интерес за живеење во Кисела Вода. Изминатиов период направивме многу во справувањето со аерозагадувањето, од почетокот на мојот мандат, досега засадивме повеќе од 2.000 дрва. Во соработка со Градот Скопје на места на кои несовесните граѓани често создаваа диви депонии, направивме паркови со многу зеленило. Оваа година, Градот Скопје во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“, од запуштената површина, лоцирана покрај железничките пруги и трим патеката на 16.000 м2, направи нов зелен парк.

Во урбаната заедница „11 Октомври-згради“, во дел од паркот „Шопен“ поставивме автоматски систем за наводнување, а засадивме и трева. Со цел да го намалиме арозагадувањето на воздухот, во објектите на ЈДГ „8 Март“, во „Пеперутка 1 и 2“, лоцирани во населбата Драчево, со поддршка од Владата целосно го заменивме начинот на греење. Таму поставивме 8 нови инвертери.

Во делот на хигиената и намалувањето на загадувањето, извршивме чистење на најголемите диви депонии. Нашите работници секојдневно ја одржуваат чистотата во сите населени места. Со поддршка од Владата, хортикултурно ја уредивме дворната површина на градинката „Синоличка“. На 2.596 м2 засадивме вкупно 250 садници. За одржување на зеленилото поставивме систем за наводнување.

Дали се донесе конечниот ДУП за Расадник, имаше бурни реакции околу целиот процес. Како ќе се одвива проектот?

-Дупот за Расадник не е донесен, постапката е се уште во тек. Граѓаните имаа можност на јавна анкета двапати да даваат забелешки по однос на предлогот за дупот. Точно е дека имаше забелешки од незадоволни граѓани, но имаше и граѓани кои бараа поголема катност на зградите. 90 посто од земјиштето е во приватна сопственост, со законот за денационализација вратено им е на сопствениците. Општината и да сака, нема можности ниту пак средства да ги откупи плацевите и на тоа место, како што бараат граѓаните да направи парк.

Но затоа, доколку се усвои дупот добитници ќе бидат сите жители на општината. Покрај зградите, во кои ќе живеат околу 8.000 жители, ќе има многу паркови со зеленило, детски игралишта, катна гаража, подземни паркинзи и нови улици. Предвидена е изградба на нова детска градинка, основно и средно училиште, а ќе биде изградена и поликлиника. Со сите овие придобивки, на просторот на расадникот ќе овозможиме хумано живеење.

Паркинг просторот, генерално е проблем за оваа општина. Како ќе се дојде до решение, дали ќе се активира зонското паркирање или има некоја друга соодветна алтернатива. Се разбира дали до крајот на мандатот е предвидено да се реши ваквиот проблем?

-Покрај останатите проблеми кои секојдневно ги отстрануваме, размислуваме и за изнаоѓање на решение и за оние населени места, кои се соочуваат со помалку паркинг места. Во Расадник ќе поставиме монтажна гаража, а во моментов изработуваме сообраќајни решенија за урбаните заедници „Бирарија“ и „Цветан Димов“. Се надевам дека до крајот на мојот мандат ќе успееме да го решиме и тој проблем.

Она што е исто така проблем на општината е и делот со Охис и оној индустриски дел со кој располага Кисела Вода. Што е планот до крајот на мандатот да се преземе по ова прашање, со оглед на тоа дека знаеме дека имаше немил настан во фабриката Охис, па оттаму и прашањето?

-Благодарение на одличната соработка со централната власт, Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина, после долги години опасниот отпад, Винил Хлорид Мономер, кој беше лоциран на нашата територија, поточно во дворот на АД „ОХИС“, повеќе не претставува опасност за жителите на Градот Скопје.

Опасниот отпад, на почетокот на минатиот месец, безбедно беше транспортиран во Германија, каде што треба да биде уништен. Како што знаете, минатата година Владата, направи нешто што ниедна Влада досега не го направила, одвои 1 милион евра за чистење на линданот во „Охис“. Верувам дека преку понатамошната соработка со Владата, ќе успееме да направиме целосно расчистување на останатите остатоци од опасните материи за животната средина.

Во поголемиот дел од вашето раководство се соочувавте со протести од граѓаните кои бараа дислокација на Центарот за зависници, но и покрај нивните напори истиот не е дислоциран и бројот на зависници во него е ист. Каде е проблемот, дали има решение за ова воопшто. Што преземавте, а што мислите да преземете?

-Веднаш кога стапив на функцијата градоначалник, и покрај тоа што не беше дел од мојата пред изборна програма дислокација на Центарот за зависности, јас постојано се ангажирав да изнајдеме решение, кое ќе биде во корист на жителите. За таа цел, одржавме повеќе работни средби со министерот за здравство, Венко Филипче, кој согласно можностите ни излезе во пресрет на дел од барањата. Сите средби ги одржувавме и во соработка со жителите, кои живеат околу Центарот за зависноти.

После сите состаноци, благодарение на Министерството за здравство, успеавме да го намалиме бројот на лица кои секојдневно примаат терапија во Центарот за зависности. По барање на граѓаните, во соработка со невладини организации и фирми околу Центарот, повеќе пати вршевме чистење на медицинскиот отпад, одложен од примателите на терапија.

Дали, со оглед на тоа дека следната година ни се ближат локалните избори, ќе влезете во трката за втор мандат во општина Кисела Вода?

-Се уште не размислувам за нов градоначалнички мандат, но додека ја водам Општината Кисела Вода, најважно од се ми е да го исполнам ветеното, да реализирам најголем број од моите проекти, со кои досега во руралните и урбаните населени места видно ја подобривме инфраструктурата. За следната година, која е и последна од мојот мандат, имаме многу планови за подобар живот на сите жители на општината.

loading...

I'm standing on 1,000,000 lives. Episode 12 at website https://animefreak.ws anime freak tv

Attack on Titan Episode 25 at website https://gogoanime.be kissanime gogoanime