Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!

Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“, до крајот на годината се планира целосно отстранување на отпадот

Чистењето на малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“ се одвива според предвиденото. Обезбедени се сите потребни средства и отпадот се чисти според сите стандарди, со цел максимална безбедност за животната средина. Досега е исчистен едниот базен во кој се наоѓале 450 тони линдан и околу 150 тони контаминирана почва, која е пониско концентрирана. Отпадот е безбедно складиран и се планира да се започне со негово транспортирање на 3 мај.

При денешната посета на медиумите на малата депонија, националната проект-координаторка од канцеларијата на ПОП-с од Министерството за животна средина и просторно планирање Сузана Андонова инфорираше дека покрај линданот на неколку точки се пронајдени и количини на жива.

– Направивме земање на примероци и резултатите покажаа дека има присуство на жива. Концентрациите се различни, меѓутоа ние водиме сметка тоа што е пронајдено како концентрација да е во согласност со критериумите и барањата на капацитетите кои ќе го примат отпадот на уништување или третирање.
Секако ќе се поведе сметка и за тоа, на најсоодветен начин, по сите можни стандарди, ќе се најде начин да се елиминира и овој вид вид на отпад, истакна Андонова.

Еден од надлежните за спроведување на проектот Александар Мицковски, наведе дека на 3 мај ќе се започне со првиот извоз на отпад на седумте контејнери кои ќе бидат подготвени во претстојниот период.

– Сега предвиден е првичнот извоз да биде на 3 мај така да целиот овој отпад што е складиран се предвидува да се пакуваат овие денови во контејнерите и на 3 мај да започне првиот извоз на тие седум контејнери. Не може целата оваа количина одеднаш да биде транспортирана затоа што самата постројка што го третира овој отпад во Франција има лимитирачки количини коишто може да ги прими на месечно ниво. Така да ќе оди дел по дел отстранувањето на отпадот, посочи Мицковски.

Тој се осврна на безбедноста при отстранувањето на отпадот, истакнувајќи дека нивна главна цел при подготвителната работа било да се да се обезбедат услови коишто ќе овозможат максимална безбедност на околината.

– Така можете да видите дека е подигнат шатор и во шаторот е инсталиран негативен притисок. Така да атмосферскиот притисок е поголем од овој што е внатре во шаторот, така сите оние емисии коишто се генерираат при ископувањето внатре во шаторот не може да излезат надвор и да ја афектираат околината. Успешноста и функционирањето на овој систем е и потврдена со редовните мониторинзи што се прават на амбиенталниот воздух. Концентрациите на загадувачки материи во текот на чистењето не се повисоки од оние концентрации кои што беа измерени пред да се започне со чистењето, рече Мицковски.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Тој за миризбата која што се чувствува во „ОХИС“, информираше дека таа потекнува од големата депонија.

Мицковски, врз основа на динамиката нископување што сега ја имаат утврдено, рече дека за околу една година би се завршило чистењето на малата депонија.

Во однос на тоа како ќе влијае успехот со чистењето на малата депонија врз понатамошното работење за чистење на големата депонија, како и на цел простор кај „ОХИС“, рече дека успехот ќе биде пресуден за понатаму.

– Владата формираше мултипартнерски фонд за мобилизирање на средства за продолжување на чистењето на големата депонија. Така да во комуникација сме со повеќе донатори. Беше на некој начин и сугерирано и покажано дека демонстрираниот успех на чистењето на малата депонија ќе влијае драматично на динамиката за обезбедување на средства и за големата депонија. Во комуникација сме со донатори и очекуваме дека како што досега се одвиваат работите ќе биде многу успешен проектот којшто ќе придонесе за продолжување со чистење на големата депонија, нагласи Мицковски.

Во однос на понатамошното дејствување, Мицковски рече дека после чистењето на базените ќе се пристапи кон узоркување на земјата којашто е под базените за да се види колку таа земја е афектирана и дали тие концеÐ �трации на линдан кои што се наоѓаат во земјата се безбедни да останат. Ќе се направи анализа на ризикот која што ќе ги покаже тие дозволени вредности на линдан во земјата. Доколку вредностите се повисоки ќе се пристапи до некои техники на ремедијација.

Министерот за животна средина и просторни планирање Насер Нуредини истакна дека работата оди побрзо од што очекувале и оти тоа е добра вест.

– Сега имаме и менување на Закон за животна средина, тоа значи дека сега ние продолжуваме, ние ја обврзуваме државата да ги верифицира сите жешки точки во нашата држава и после тоа да направиме план за рехабилитација. Ние имаме методологија за тоа, но сега за жал, ние немаме законски начин како да верифицираме тие жешки точки во нашата држава. Тоа значи дека ние ќе ја обврземе државата или тие приватни сопственици да направат план за рехабилитација за тие жешки точки, нагласи Ниредини.

loading...

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/