Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

ИСТОРИСКИ ГОВОР НА ЗАЕВ НА 26-ТИ КОНГРЕС НА СДСМ: Северна Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи – ние не сме проблем, ние решаваме проблеми!

Нашиот белег како партија беше и се уште е никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ не ги туркаше под тепих најтешките проблеми, туку напротив, СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата.

„Со храброста на раководството и на членството на СДСМ, со мнозинската волја на нашиот народ, ние станавме членка на НАТО Алијансата и сега ја водиме финалната акција за старт на преговорите со ЕУ.

Благодарен сум и оддавам почит и признание на сите што се вградија во овие важни државни процеси.

Заедно постигнуваме историски успеси со зачувување на македонскиот идентитет, за цементирање на нашиот територијален интегритет преку членството во НАТО и за етаблирање на нашата Северна Македонија на светската политичка сцена, со најмоќните сојузници во светот, како почитувана и мирољубива земја.

Една од двете стратешки цели поставени уште пред 30 години денеска е остварена. Нашата татковина чекори напред, по вистинскиот, по европскиот пат и нема враќање назад, продолжуваме напред!

Тоа е нашиот втор голем, историски, државнички успех. И уште една суштинска разлика со нашиот политички опонент, ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години земјата ја држеше изолирана и заробена, на погрешен пат.

Ние градевме и изградивме цврсти темели, на вистински вредности во кои веруваме, чувајќи ја цврсто, сигурно нашата посебност, нашиот македонски идентитет. Ја зајакнувавме арматурата на нашата држава, ги јакнеме меѓуетничките односи преку концептот „Едно општество за сите“ и преку институции кои работат за граѓаните.

Преку Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ние ја потврдивме нашата искрена добрососедска намера кон сите. Република Северна Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи. Ние не сме проблем, ние решаваме проблеми!“ посочи претседателот Заев.

loading...

AnimeTV animes online: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 4

AniWatch animes online: Watch Dr. Stone Episode 20 (https://aniwatch.pro/m/QWAB/ep-20)