Замислете оваа пандемија да се појавеше во 90-тите? Кога немаше ниту брз интернет ниту смартфони ниту мобилни ниту лаптопи ниту ЗУМ апликации, ништо?!?!
Човештвото ќе мораше да бира, или скроз да застане на една година што ќе беше страшно од економски аспект ќе значеше глобален глад и невиден хаос можно е да се случеа и војни или пак човештвото ќе мораше да избере да тера нормално како да нема пандемија тогаш пак колку ли само стотици милиони ќе умреа од заразата?!?!
Кој можеше да поверува дека НЕРДОВИТЕ ќе го спасат светот?! Дека овие играчки кои до скоро ги користевме повеќе за забава и тепање досада сега ќе се клучни за состаноците на влади, парламенти, судски рочишта, онлајн настава за сите деца но и факултети?!?!
Сите фирми го префрлија работењето од дома, а сигурен сум дека и вакцината е толку брзу развиена благодарение на компјутерите кои ја забрзале анализата и обработката на податоците кои се потребни за да се дојде брзо до добра вакцина.
ИТ индустријата направи револуција на начинот на кој живееме но не направи отпорни и на вакви страшни пандемии за кои нема лек и вакцина.
БРАВО НЕРДОВИ И БУБАЛИЦИ, ВИЕ СТЕ НАШИТЕ СПАСИТЕЛИ!