Екипи на Инспекторат на град Скопје во акција спроведена вчеравечер во близина теќето во Топанско Поле, интервенираа на сузбивање на оган на отворено, намерно предизвикан со палење кабли и гуми.
Пожарна Скопје го изгаси огнот со брза интервенција, а во акцијата е запленета поголема количина на бакар. Сторители на лице место не се затекнати
Контролите против палењето огнови на отворено периодов ќе продолжат да се реализираат со зголемен интензитет. Изминативе денови, зачестена е појавата на намерно запалени огнови на отворено.
Дежурните градски тимови интервенираа на огнови на отворено во неколку наврати на Вардариште, Маџари и Горно Лисиче.
Градот Скопје апелира граѓаните штом забележат оган на отворено, да не чекаат туку веднаш да го пријават на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.