Капитално дело за македонските надежи и за неверојатниот талент со кој ги упропастуваме.
Книгата е во издание на Прва линија, односно на Шорткат, уредник Џабир Дерала, насловна страница Чедо Поповски, лектура м-р Гордана Ацеска, Јане Ѓеорѓиоски ги копаше биткоините на Тричко по архивите на Фронтлајн, ДТП Бојан Ивановиќ. Книгата ја отпечати најдобрата печатница јужно од Будимпешта- Пропоинт Скопје.
Утре ќе ве информирам во кое кафуле и во кое време ќе можете да ја добиете книгата лично од авторот.
544 страници.
Пакетчињата, чоколадцата и бомбончињата, пластичните или текстилни дедамразовци, па дури и парфемите, се надминати работи, најдобар поклон што за себе или за блиските можете да го обезбедите за ефтини пари (600 ден, со шанси во истата цена да влезе уште една книга) е “Мојата борба…”. Не е лесно да се најде кафуле кое може да прими десет илјади души за три часа.
Можна е и достава на домашна адреса преку “Сити бајк”.
За сите интересирања пишете ми во инбокс или јавете се на тел. 071331026.
Се гледаме, се слушаме и се читаме!
Среќна Нова година!