Ме радува фактот што Делчево добива уште една традиционална манифестација која ги надминува локалните граници и го запишува Делчево на листата европски градови, каде ревијата на ретроавтомобилите е посебна традиција и атракција.
Посебно го ценам ентузијазмот на претставниците од Здружението „King’s of the road’s“, но мора да ја потенцирам неуморноста, залагањето и љубовта кон старите автомобили на Лоренцо Трајановски кој ја создаде и ја гради оваа атракција. Општина Делчево ги препознава добрите иницијативи и дава максимална поддршка за нивна реализација.
Со оваа ретроизложба на олд тајмери се вративме во времето кога низ улиците на Делчево се возеа добро познатите заставини возила, но и по некој мерцедес, понтијак. Ова е прекрасна ревија која покажува дека на старите возила доколку им се обрне внимание, може повторно да го добијат приматот на „кралици на патиштата“.
Ме радува фактот што интересот кај нашите сограѓани е многу голем, но посебно што оваа ревија ги надминува границите од нашата држава, така што и оваа година овде имаме автомобили кои некогаш биле атрактивни кралици на патиштата во целиот регион.