Пред десетина дена бев загрижен дека новинарката Лупевска и телевизија Телма преку емисијата КОД ја злоупотребуваат телевизијата за да се пресметаат со член на регулаторна комисија која пак го уредува работењето на фирмата сопственик на Телма, Макпетрол. Мислев дека има конфликт на интереси и прекршување на новинарските етички стандарди. Мислев дека Макпетрол преку Телма се пресметува со оние кои треба да го контролираат работењето на Макпетрол. Мислев дека Телма како медиум е злоупотебена а новинаерите учествувале во таа злоупотреба.
Поради таа загриженост упатив жалба до Советот за етика во медиумите при ЗНМ со надеж дека тие ќе донесат одлука дали е тоа точно или не.
Од таму стигна одлука дека мојата загриженост била неоправдана, односно одлучија дека емисијата КОД правилно новинарски во интерес на јавноста ја одработила темата и дека нема причини за осуда кон новинарите на КОД ниту пак кон уредниците на Телма.
Одлука на СЕММ на следниот линк.
Јас ја прифаќам и почитувам оваа пресуда на СЕММ.
Поради тоа упатувам извинување до новинарката Снежана Лупевска и до уредниците на Телма, сум бил во грешка за моите сомневања, за што искрено се извинувам.
Саше Ивановски
уредник на Мактел.мк