СЕ РАСПАДНА КОАЛИЦИЈАТА ВМРО ДПМНЕ СО АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА - Гаши: “ВМРО се националисти и не би правел коалиција со нив
СЕ РАСПАДНА КОАЛИЦИЈАТА ВМРО ДПМНЕ СО АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА - Гаши: “ВМРО се националисти и не би правел коалиција со нив
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРЕСВРТ ВО ВТОРИОТ КРУГ, ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СДСМ
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРЕСВРТ ВО ВТОРИОТ КРУГ, ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СДСМ
Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА

ИЗВОРИ ВО АРМ ЗА МАКТЕЛ: МАЈК ТАЈСОН СО ВИСТИНСКО ИМЕ СЕАД МЕХМЕДОВИЌ Е ИЗБРКАН ОД АРМ ПОРАДИ КРАЖБА, НИКОГАШ НЕ РАБОТЕЛ ВО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ, БИЛ ОБИЧЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК

Мактел успеа да дознае од високи извори во АРМ дека новата радикална медиска ѕвезда на социјалните мрежи, Мајк Тајсон, човекот што се прослави со тепачката на бината на Анти Ваксерите, и кој лажно се преставува како екс воен разузнавач кој си заминал од АРМ за да ја шири вистината за светскиот заговор за уништување на човештвото со помош на Короната и вакцините, всушност лаже!

Тој се вика Сеад Мехмедовиќ и е од Горно Оризаре, Велес, има 30 години, без високо образование, бил вработен во АРМ како обичен војник никогаш не работел во разузнавање и бил избркан од АРМ пред неколку години поради тешка кражба.

Се обидуваме да добиеме детали за кражбата што точно направил и каде, па очекувајте нова сторија на оваа тема.

Инаку Сеад Мехмедовиќ секоја вечер на неколку лажни профили држи народни вести, видео во живо на кое чита разни вести од цел свет и повикува на будење на човештвото, за него сите светски настани се местенки, лажни настани со двојници со гумени авиони и тенкови, шири скепса и неверица за се што се случува во светот, спасител според него е Доналд Трамп и цело време носи маица на која стои логото Q кој е симнбол за светското радикално десничарско движење QANON кое е во основа култ, кој заговара дека демократите и либералите во цел свет криумчарат деца, силуваат деца и убиваат и јадат деца?!?! Како резултат на ова забегано движење се јавија и лажни афери како ПИЦАГЕЈТ кога овие забегани лудаци обвинија пицерија во Вашингтон дека е седиште на овие педофили и канибали па еден од нив одите до автоматска пушта и повреди неколку од вработените во пицеријата…

За нивна среќа во исто време се отвори вистинската афера за педофилот Џефри Апстајн, познат филмски продуцент и милионер кој со децении имал сексуални односи со малолетни девојчиња на својот приватен остров па ја злоупотребија таа афера за да ја поврзат со радикалните теоории на заговор.

Спасител за нив е Трамп кој наводно бил лажно победен на изборите но ќе се врател пак за претседател на САД и ќе го спасел човештвото од овие педофили во кои е вмешан и Ватикан и папата, значи пак се користи нешто вистиско а тоа е аферата со педофилијата во католичката црква за да од тоа се прави нешто пострашно како мит на светски заговор.

Затоа и Сеад Мехмедовиќ го користи името Мајкл Флин како лажен профил на еден од своите профили, тоа е екс генералот во САД кој му е најблизок соработник на Трамп.

Интересно е што Сеад пушта македонска народна музика, носи знаме од Вергина, не се преставува со вистинско име, а човекот е бошњак муслиман со потекло од Санџак.

Исто така тој зборува сропски на видео јавувањата, себеси се нарекува ДИГИТАЛЕН ВОЈНИК, поврзан е со слични забегани од Босна, Словенија и Србија, има фанови од цел балкан и од цел свет емигранти од Екс Ју кои разбираат српски, профилите му се сите со над 5000 пријатели и уште околу 5000 следбеници.

Во едно од своите јавувања вели дека тој е тргнат на пат од кој нема враќање и упати закана дека не е сериски убиец, но дека ако мора да се брани себе и своет движење спремен е на физичко насилство. Можеби е време ДБК да почне да го следи за да не направи некоја беља, не се знае неговата ментална состојба, дали боледува од шизофренија или сето ова го глуми свесно…

За да осетите колку е само сето ова забегано ако не ви се верува, погледнете и самите, линк до едно од видеата негови кои ги нарекува народен дневник, овде.

loading...