Дејли Мејл: Победникот на Евровизија ја бакна девојката и отиде во војна
Дејли Мејл: Победникот на Евровизија ја бакна девојката и отиде во војна
Битиќи од ОЕЦД во Парис: Јасна визија за развојот, стабилност, предвидливост и инклузивниот дијалог се клучот за развој, но и задржување на човечкиот капитал во регионот
Битиќи од ОЕЦД во Парис: Јасна визија за развојот, стабилност, предвидливост и инклузивниот дијалог се клучот за развој, но и задржување на човечкиот капитал во регионот
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
Продолжува герила-акцијата против дезинформациите: Внимание, се појавија лажговците со кратки нозе – не наседнувајте!
Продолжува герила-акцијата против дезинформациите: Внимание, се појавија лажговците со кратки нозе – не наседнувајте!
(ВИДЕО) РОМИТЕ ВО ПРИЛЕП САМИТЕ ГИ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИТЕ СО СВОИ ПАРИ, ВЕЛАТ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ГИ ИЗМАМИ, ИМ ВЕТИ УЛИЦИ А НЕ НАПРАВИ НИШТО!
(ВИДЕО) РОМИТЕ ВО ПРИЛЕП САМИТЕ ГИ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИТЕ СО СВОИ ПАРИ, ВЕЛАТ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ГИ ИЗМАМИ, ИМ ВЕТИ УЛИЦИ А НЕ НАПРАВИ НИШТО!
ЈП „Градски паркинг“ со кампања за подобри услуги кон граѓаните под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“
ЈП „Градски паркинг“ со кампања за подобри услуги кон граѓаните под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“
Ангеловска-Бежоска: Очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, се прават обиди тоа да биде умерено
Ангеловска-Бежоска: Очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, се прават обиди тоа да биде умерено
Од продажбата на биоразградливи кеси собрани 44 милиони денари, се планира набавка на контејнери за селектирање на отпад
Од продажбата на биоразградливи кеси собрани 44 милиони денари, се планира набавка на контејнери за селектирање на отпад

Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед

Денес го објавуваме Јавниот повик за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип за дел од трошоците за набавка на велосипед.
Во продолжение го објавувам во целост, со линк од Веб страната на општина Пробиштип каде можете да ги најдете сите потребни документи.
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед

1. Опис
Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира жителите на општина Пробиштип (домаќинствата) ќе надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипеди купени во 2021 година.
Висината на поединечната субвенција по барател/домаќинство изнесува 40% од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари во нето износ. (Персоналниот данок ќе биде на товар на Општината од вкупно одобрените средства за субвенции)
Со оваа одлука ќе бидат субвенционирани баратели/домаќинства се до исцрпување на вкупно одобрените средства.
Во Буџетот на општина Пробиштип во Програмата за спроведување на активности на спортските друштва и за активности на Општината во спортот за 2021 година за оваа намена се предвидени 450.000 денари.
Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за оваа намена.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден – прв услужен“.

2. Право на учество на Јавниот повик:
Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на тошоци за велосипед има секој граѓанин, жител на општина Пробиштп кој ги исполнува следните услови:
– да е полнолетен жител на општина Пробиштип,
– да е платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее,
– велосипедот да е купен во 2021 година,
– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција за ваков вид на субвенција.

3. Барателот треба да ги достави следните документи:
– копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
– копија од трансакциска сметка,
– изјава за давање согласност за користење лични податоци,
– изјава за семејна состојба,
– потврда од Општина Пробиштип дека e платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее подносителот на барањето,
– фотографија за купениот велосипед,
– доказ дека купувањето на велосипедот е извршено во 2021 и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купениот велосипед или Договор за плаќање на рати со прилог – доказ за платена прва рата (во оригинал или копија заверено кај нотар),
– изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и дека е согласен на барање на Комисијата да го донесе на увид купениот велосипед пред административната зграда на Општината, во спротивно барањето за субвенција ќе биде одбиено.

4. Начин на пријавување на Јавниот повик
Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2021 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса улица: „Јаким Стојковски“ број: 1, Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање трошоци за набавка на велосипед за 2021 година “.
Архивата на општина Пробиштип примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Образецот на барање и образецот на изјави ќе бидат достапни на веб страницата на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk и во архивата на општина Пробиштип.

5. Начин на одобрување
Одобрувањето за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2021 година ќе го врши Комисија која има право на увид во купениот велосипед пред општинската зграда.
Одобрувањето за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2021 година ќе се врши на принципот: прв дојден – прв услужен.
Комисијата има обврска:
– да ги разгледа и провери сите пристигнати барања во врска со објавениот јавен повик и
– да даде предлог до Градоначалникот за прифаќање, отфрлување или одбивање на поднесеното барање во зависност од тоа дали барателот ги исполнува условите за субвенционирање наведени во објавениот јавен повик.
За пристигнатите и обработени барања, ќе се води листа со следните податоци: име, презиме и адреса, датум и час и минута на пристигнатата пријава на Јавниот повик, износ на надоместокот за барателот и износ на персоналниот данок на доход.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден – прв услужен“, по претходно донесени Решенија за усвојување на барањата од страна на Градоначалникот на општина Пробиштип .

Линк за пријавување овде.

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

free anime Fairy Tail

My Hero Academia Season 5

watch anime free 4Anime My Hero Academia Season 3

Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 2

My Hero Academia Season 2

tải go88