Овој култен објект повторно ќе го добие својот сјај. Со расчистување на теренот, од денес почнуваат градежните активности за реконструкција на овој капитален објект.
Инвеститори на проектот се Агенција за млади и спорт и Општина Карпош, а изведувач на градежните работи е фирмата „Спектатермо ДОО Скопје“.
По целосната реконструкција на салата која е предвидено да трае 20 месеци, објектот повторно ќе биде ставен во употреба на задоволство на сите жители на општината.