– Им помагаме на социјалните случаи во Кавадарци, иако тие се сиромашни оти така решиле, не дека нема работа во Кавадарци, работа има колку сакаш…
Градоначалникот на Кавадарци и сопственик на компанијата за ресторани, минерална вода, сокови и пиво, Кожувчанка.
Во Кавадарци пред неколку години е отворена фабриката на Дрекселмаер која вработува над 5000 работници, па со автобуси се носат работници од соседните општини.
Исто така во градот работат успешните фирми кои се меѓу најуспешните во земјава како ИГМ трејд, ФЕНИ, Горска, Кожувчанка, Тиквеш, Урбан Инвест, Градба Промет, Црна Река Петрол, Слога Пром а исто така има и многу мали семејни винарии.
Многу успешни транспортни компании се со седиште во Кавадарци а кои се бават со меѓународен транспорт.
Градот како што е познато живее и од производство на грозје па преку лето полињата се полни со сезонски работници кои заработуваат солидни дневници.