Со објава на слика со навредлива содржина Јанко Бачев упати расистички и хомофобни навреди во првиот свој пост од 2022-а година.
Со колажот на која има фотки од американската тенисерка Сенус Вилијамс со асоцијација дека амеро американките се накакви мускулести грди ѕверови, но тука не застана па објави и фотка од транс гендер пејачката на Австрија на една од последните евровизии со што ги навреди и лицата од ЛГБТ заедницата. Пораката дека се што истапува од традиционалното е неморално и треба да се забрани.
– Марионетата Заев наместо подобар живот во НАТО донесе само лоши работи, како, #хомосексуализам #дрога #проституција, #грабеж #безаконие, #криминал, #корупција… Да се ослободиме✅ од овие либерални и неморални вредности на марионетската влада како најголемо зло на денешницата. Да ги одбраниме традиционалните вредности – #традицијата #бракот, #семејството, #националниот и #религиски идентитет, соработка со држави и сојузи каде со гордост го почитуваат нашето вековно македонско #име и #идентитет. 👍👌👊
п.с. Благодарам на големиот број новогодишни честитки во инбокс и смс. – напиша Бачев на својот фб профил.