Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист.
Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво.