Под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“.
Целта на програмата е да овозможи градење вештини кај идните млади менаџери и бизнис-лидери со трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, да се откријат потенцијални таленти и да им се овозможи на компаниите кои ќе учествуваат во рамките на Проектот подобро да разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.
Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ е предвидено да се реализира во периодот од декември годинава до февруари 2021 година. Обуките ќе бидат спроведени во неколку компании, односно: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП и Рамстор Македонија.
Право на пријавување на јавниот повик имаат:
студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии;
дипломирани студенти;
студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма.
Старосната граница е 29 години.
Сите заинтересирани студенти можат да се пријават на следниот линк или на е-мејл: [email protected], најдоцна до 20.11.2020 година.
Лице за контакт во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија:
Пранвера Имери,
тел. 075229099
e-mail адреса: [email protected]
Лице за контакт од Советот на странски инвеститори:
Влатко Стојановски
Тел 02/.3244-004
Е-мејл: [email protected]