ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кисела Вода за купување велосипеди во 2021 година

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кисела Вода за купување велосипеди во 2021 година

Средствата што Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според времето на поднесување (датум, час и минута) и истите ќе биде реализиран по принципот прв дојден, прв услужен.

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

• да е жител на Општина Кисела Вода,
• да нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје или друга институција,
• новиот велосипед да го купи во Република Северна Македонија од 01.01.2021 до дадениот рок од 15 календарски дена од денот на објавување на Јавниот повик.

Барање за субвенција за купување на еден велосипед со личните податоци (барањето може да се подигне во архивата на Општина Кисела Вода или да се обезбеди од интернет страницата на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk),

 изјава за согласност за обработка на лични податоци (вклучена е во барањето)
 доказ за жителство во Општина Кисела Вода, со доставување фотокопија од важечка лична карта на барателот,
 фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
 доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Северна Македонија, и тоа со прикачување на оригинална фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2021 година до дадениот рок од 15 календарски дена од денот на објавување на Јавниот повик, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен и плаќањето на рати не се прифаќа.
 изјава (изјавата може да се подигне во архивата на Општина Кисела Вода или на интернет страницата на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции за купување на велосипед од Град Скопје или друга институција.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди, заедно со потребната документација, граѓаните ја поднесуваат до Комисијата преку архивата на Општина Кисела Вода ул..„Петар Дељан“ бр.17, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции на граѓаните на подрачјето на Општина Кисела Вода за купување на велосипед за 2021 година“ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.

sunwin tài xỉu game bài sunwin sunwin apk

sunwin sunwin apk game bài sunwin

tải sunwin

sunwin

sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk game sunwin