ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

Јавниот долг достигна 62,5 отсто од БДП, се очекува до 2025-та да се намали и стабилизира на 58,8 проценти од БДП

Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени респективно. Јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот изнесува 54,1 отсто. Ова денеска го соопшти Министерството за финансии.

Како што е соопштено, отплатата на еврообврзницата од 2014 година во јули, ќе влијае на намалување на тековната состојба и на јавниот и на државниот долг.

-Други исплати и повлекувања кои влијаеа на состојбата на државниот и јавниот долг во првото тримесечје од годинава се намалување на состојбата на државните хартии од вредност за 23,4 милиони евра, емисијата на 19-та емисија на Обврзница за денационализација од 11,5 милиони евра, повлекување 11,8 милиони евра странски кредити за владини проекти и 8,9 милиони евра од страна на јавни претпријатија. Исто така, отплатени се обврски по основ на главнина во износ од 44,5 милиони евра – велат од МФ..

Според финансии, а согласно тековната динамика на реализација на јавниот и државниот долг, очекувањата се дека ќе останат во рамки на проекциите од 63,4% и 53,2% респективно.

– На среден рок, односно до 2025 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8%, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум, додека државниот долг ќе се сведе на 51%. Ова ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева – велат од Министерството за финасии..

Оттаму додаваат и дека како резултат на ковид-кризата, согласно податоците на Меѓународниот монетарен фонд, кај скоро сите европски земји (освен Норвешка) има висок раст на државниот долг во 2020 година во споредба со 2019 година.

-Така, Шпанија има раст на долгот од 27,5 процентни поени, Италија раст на долгот од 27 процентни поени, Грција раст од 24,3 процентни поени. Во регионот, покрај Грција, Албанија има најголем раст на долгот од 15,6 процентни поени, Словенија раст од 14,9 процентни поени и Хрватска со 14,5 процентни поени раст на долгот – додаваат од МФ..

loading...

https://go88.gg/

https://tai.sunwin.gg/