Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој
Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем

ЈАВНОСТА НЕГОДУВА: За луксузни возила имало пари, за ер-тракторите немаше

За набавка на возила од март 2020 досега се потрошиле 3 милиони и 609 илјади евра, а ланските пожари ја затекнаа земјата без сервисирани три „ер-трактори“, што чини 406.504 евра.

Штедењето е мудрост во трошењето. Властите се принудени да ѝ поклонат внимание на оваа мудрост поради растечката економска криза како последица од руско-украинскиот конфликт, која се рефлектира преку раст на цени на енергенсите, на основни артикли и потенцијални проблеми во синџирите на снабдување. Владата најави антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор, со кои буџетските корисници се задолжени за 10% да ги намалат расходите за стоки и услуги, за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службените возила, а се забранува набавка на мебел и возила.

Но, каков ефект ќе имаат мерките за штедење, ако такви набавки се веќе завршени?

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, покажа дека во текот на кризниот период – од март 2020 до денес, нови патнички возила веќе набавиле 42 државни институции. Набавени се вкупно 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Со анализата се опфатени само патничките возила, а не и товарните, транспортните и техничките возила.

Возило од Мерцедес од 44 илјади евра е едно од трите најскапи возила кои биле купени во текот на кризниот период – од март 2020 до денес

Во корист на сопствена штета

Дали при овие набавки се штедело? Не. Повеќе од 40% од набавените нови возила биле поскапи од 30 илјади евра. Најскапи три купени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Ц 180“ од 44 илјади евра (двете на Државната видеолотарија), а на трето место е „Хјундаи Соната“ на Агенцијата за електронски комуникации, по цена од 43 илјади евра.

Дали е ова најголемата набавка досега? Исто така – не. Според анализата, до почетокот на кризата во периодот 2018-2020 година биле набавени 392 возила за 8,1 милион евра. Претходно, во периодот 2013, 2014 и 2015 година, државните институции набавиле 323 возила за 5,3 милиони евра.

Но, овие податоци компаративно може да посведочат и за тоа како се вреднуваат „приоритетите“ при набавките. Додека за набавка на возила од март 2020 досега се потрошиле 3 милиони и 609 илјади евра, Северна Македонија ги дочека ланските пожари без сервисирани три „ер-трактори“ што за споредба чини 25 милиони денари (406.504 евра). Од друга страна, од пожарите лани е предизвикана штета од околу 31 милиони евра, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, а за да зазеленат опустошените простори најмалку 20, односно 50 години за шумите да се вратат во состојбата како пред пожарите. Кога приоритетите не се во фокусот на набавките, штетата станува многукратна.

Задоцнето реагирање

Антикризните мерки за рационализација на трошоците во старт наидоа на критики, пред сѐ, заради задоцнето реагирање.

„Тешко е да се штеди, откако ќе се потроши“, критикува опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека иако од МВР изминатиов период знаеле дека ќе има економска криза, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра (15.400.000 денари), Секретаријатот за европски прашања набавил мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари, МНР потрошило над 20.000 евра (1.370.000 денари) само за мебел, а Министерството за земјоделство – услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари.

„Само за мебел изминативе неколку месеци Владата потрошила околу 300.000 евра (…) Носат мерки против набавка на мебел, а всушност веќе набавиле“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Ваквите критики доаѓаат по обвинувањата од СДСМ дека опозицијата треба да погледне во „нејзиниот двор“. Од СДСМ го обелоденија случајот со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој годинава ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за негови блиски луѓе, партиски соработници и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време на криза, кога општината вели дека нема пари да плаќа струја и парно, градоначалникот ќе потроши огромни средства за вдомување на свои блиски луѓе. Сто илјади евра за општинскиот буџет се сериозна сумa со која може да им се помогне на граѓаните, можат да се реализираат неколку важни проекти за општината“, реагираа социјалдемократите.

Во следниот период под голема лупа ќе биде и трошењето на локалните власти, на кои Владата им препорача да преземат активности за рационализација на нивните расходи. Истата препорака важи и за локалните јавни претпријатија и другите установи кои се под надлежност на општините.

Во однос на државните институции, контролата за трошоците за стоки и услуги и за репрезентација и реклами ќе ја врши Министерството за финансии, кое на дневна основа има увид во нивното работење. Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост ќе имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, за потоа тие да бидат разгледани и одобрени од Владата.

„Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи’, предупреди вчера премиерот Ковачевски.

извор: ДВ

loading...

english anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Kiss x Sis Episode 4

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

AnimeFreak Mieruko-chan

anime freaks website AnimeFreak JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

Seirei Gensouki: Spirit Chronicles Episode 8