АЛО ДАНЕЛА, СКОПЈЕ НЕ Е РАСАДНИК ПА ДА ГО ЗАПОСТАВИШ И УНИШТИШ ДОДЕКА ГО МУЗЕШ!
АЛО ДАНЕЛА, СКОПЈЕ НЕ Е РАСАДНИК ПА ДА ГО ЗАПОСТАВИШ И УНИШТИШ ДОДЕКА ГО МУЗЕШ!
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e

ЈОВАНОСКИ: Денеска со гордост стојам пред вас, радосен што сме повторно собрани овде во Прилеп за да се потсетиме на она најдоброто што го направивме во изминатите триипол години за нашата општина

И како што и самите знаете, има многу што да се каже. А, дека успеавме во намерите, напорите, во интензивните заложби за подобар живот на сите граѓани на Прилеп, потврдува сето она што го сработивме, а можеме уште повеќе и уште подобро.

Драги пријатели,
Изминатите петнаесетина месеци беа исклучително тешки за сите нас. Пандемијата на ковид-19 остави тешки последици по здравјето на граѓаните, по економијата, по сите сегменти на нашето живеење. За жал, многу наши сограѓани ја изгубија најважната битка со невидливиот непријател. Коронавирусот од корен ги смени нашите животни навики, наметна нови правила на кои не беше лесно да се прилагодиме.

Здравствените работници беа исправени пред најголемиот професионален предизвик, кој истовремено претставуваше закана по нивното здравје и нивните животи. Тогаш кога потребата од здравствени работници, од ден на ден стануваше се’ поголема, без дилема одлучив да им се приклучам на моите колеги, без оглед на сите ризици. Секојдневно во текот на 40 дена, по неколку работни часа поминував со моите колеги и сограѓани во Инфективното одделение.

Светол пример, во текот на целиот овој период, исполнет со премрежја и предизвици, беа јавните институции и голем дел од стопанските субјекти од нашиот град, кои се вклучија во битката за справување со пандемијата, покажувајќи на тој начин висок степен на професионализам и општествена одговорност. Битките се добиваат само ако ги водиме заедно, искрено и посветено.
Но сепак, здравствените работници се хероите на новото време. Затоа ве повикувам, сите заедно со громогласен аплауз, да им оддадеме почит и признание.

Граѓаните отсекогаш знаеле да направат разлика и да постават граница меѓу доброто и лошото. Меѓу прогресивното и деструктивното. Во таа насока се реформите во образованието, односно дигитализацијата, со која нашиот образовен систем го приближуваме до европскиот. Но, да нема дилеми, ниту кај вас присутните, ниту во пошироката јавност, сакам да потенцирам дека дигитализацијата не значи укинување на печатените учебници. Туку, можност за користење и на печатени и на дигитални учебници. За таа цел, Општина Прилеп инвестираше околу 20 милиони денари за набавка на 600 компјутери и 720 таблети за наставниците и учениците во основните и средните училишта. На овој начин, ги поддржуваме реформите во образованието.

Покрај таквата поддршка, речиси да нема училиште во градот, кое нема нов лик. Со вложените 25 милиони денари во основното образование и 9 милиони во средното, ги подигнавме условите за изведување и следење на наставата на повисоко ниво.

Дека екологијата и заштитата на животната средина е во нашиот фокус, кажува фактот дека во 2018 година Прилеп беше прогласен за најеколошки град во државата. Тоа се должи на најобемната примарна селекција на отпад, повеќе од сите општини во државата заедно. Набавивме 4 нови возила за подигање и транспорт на отпад.

И покрај многуте наследени проблеми, ја ставивме во функција пречистителната станица за отпадни води. Со тоа, градинарските и земјоделските производи добија еколошки предзнак.
Поставивме шест мерни станици за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух во градот. Во насока на заштита на животната средина, оваа и минатата година издвоиме 10 милиони денари за субвенционирање на трошоците на граѓаните за набавка на клима-инвертори и велосипеди. За истата цел и за подобрување на услугите на Градскиот превоз, веќе две години во функција се ставени и 4 еколошки автобуси на метан.

Ќе ми дозволите да ги спомнам капиталните проекти, реализирани и во тек на реализација.

Императив ми беше изградбата на Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп. Тоа беше првиот проект, кој го реализирав со моето доаѓање на позицијата градоначалник на Прилеп. Сега Прилеп е првиот град после Скопје, кој има ваков дневен центар. Покрај згрижувањето на лицата со церебрална парализа, во Дневниот центар вработивме родители и лица со церебрална парализа. Со тоа ја покажуваме нашата грижа и еднаквиот третман кон сите категории на граѓани.

За прв пат речиси после 5 децении, Прилеп доби нов мост, најголем и најубав во градот. Широк 22 метри, со четири коловозни ленти, со велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Досегашното тесно сообраќајно грло на овој дел од градот, е минато. Мостот ги поврзува двете индустриски зони, каде имаме најголем проток на товарни и патнички возила.

Со особена гордост сакам да ја потенцирам и реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, за кој вложивме 62 милиони денари. Пред неговата реконструкција, ја реконструиравме примарната и секундарната водоводна мрежа на тој потег. Денес, Прилеп има булевар со 4 коловозни ленти, широки поплочени тротоари, велосипедски патеки и нова урбана опрема.

Спортската гордост на Прилеп, храмот на фудбалот, градскиот стадион „Гоце Делчев“ го добива финалниот излед. Реконструкцијата е завршена според планот. Инвестиравме 45 милиони денари за да го вратиме сјајот на фудбалски Прилеп. Наскоро се завршува и техничкиот прием на стадионот, којшто сега доби потполно но лик по теркот на современите фудбалски арени. „Победа“ е наш аманет. Прилеп ќе биде повторно најфудбалскиот град во државата.

Со проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, добивме нов спортско- рекреативен центар кај вештачкото езеро, со кој го враќаме изгубениот сјај на некогаш популарното излетничко место. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во осветлени пешачки патеки, спортски терени за кошарка, одбојка и пинг-понг, во поставените летниковци и мултимедијалниот простор за културни, литературни, музички и забавни настани.

Рековме дека Општина Прилеп води грижа за секој граѓанин подеднакво, но посебен акцент ставаме на најмладите, на дечињата. Токму затоа, пред два месеци стартуваа градежните работи за новата детска градинка во населба „Точила“, каде ќе бидат згрижени околу 260 деца. Со тоа, а на задоволство на дечињата и родителите, трајно го решаваме деценискиот проблем од недостиг на слободни места за згрижување на децата. Градиме нова детска градинка, согласно сите светски и европски стандарди за енергетска ефикасност и самоодржливост, која ќе биде ставена во функција до крајот на оваа година.

На крајот сакам да истакнам дека изградбата на покриениот базен, кој го ветив пред граѓаните на Прилеп, ќе започне во септември оваа година. Покрај рекреативниот карактер, неговата основна намена ќе биде да го користат децата од основните училишта, како и корективна гимнастика за оние кои имаат искривување на рбетот, односно сколиоза.

Почитувани граѓани,

За триипол години, изградивме повеќе капитални проекти, отколку што направи ВМРО-ДПМНЕ за 12 години.
Она кое што сакам да го нагласам, е однесувањето на опозицијата во целиот овој период од почетокот на мојот мандат. Крајно лицемерие и минимизирање на сето што е изградено во интерес на сите граѓани, на проектите кои се видливи и функционални.

Почитувани пријатели,

Ова е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Остануваме доследни, сплотени и единствени во реализацијата на сите зацртани и идни проекти. Градиме општина која го нуди најдоброто за сите граѓани. Продолжуваме заедно да градиме уште поубава иднина за Прилеп.

Во една работа сум повеќе од сигурен, а таа е дека ова наше заедничко „патување“ не завршува сега и не завршува овде. Напротив. Граѓаните знаат да направат разлика и да го ценат сработеното.
Затоа, убеден сум дека нашата победничка серија ќе продолжи и во октомври, дека на локалните избори ќе победиме и ќе добиеме нов мандат, во кој ќе реализираме уште многу проекти, во интерес на граѓаните на општина Прилеп.

Да сте здрави и живи. Да живее Прилеп.

loading...

Website https://gogoanime.be: Watch Lupin the IIIrd: Chikemuri no Ishikawa Goemon (Dub) gogoanime Episode Full gogoanime 9

KissAnime: Dr. Slump: Dr. Mashirito and Abale-chan anime episode Full online free at https://kissanime.mx anime websites

Watch Shadow Skill Episode Full

Website https://animekisa.in: Watch The Familiar of Zero (Dub) animekisa Episode 13 animes online

Lawrence: http://www.lawrence.com/users/animeflixnl/

Allmyfaves: https://www.allmyfaves.com/animefreakws