ЈОВАНОСКИ: Општина Прилеп посветува внимание на родовата еднаквост

На денешниот настан во организација на УСАИД на тема „Жени лидерки“, заедно со организаторот и со сите учеснички констатиравме дека Општина Прилеп е една од малкуте општини во државата, која посветува внимание на родовата еднаквост.

За тоа говорат бројките, кои кажуваат дека е голем бројот на припадничките на поубавиот пол, кои се наоѓаат на раководни позиции во локалната самоуправа, општинскиот Совет, образовни и културни институции, во бизнис секторот.

Дојдено е времето кога конечно треба да ги разбиеме стереотипите, кога треба да ставиме крај на сите форми на родово базирано насилство, да обезбедиме услови за квалитетно образование и здравје, економски ресурси, еднакви можности за вработување и позиции на лидерство и донесување одлуки на сите нивоа.

Во последните години постигнато е многу во однос на родовата еднаквост, но имаме уште доста да сработиме. Наша задача е да создаваме услови за рамноправност. Ќе продолжиме тоа да го правиме се’ додека не постигнеме еднаквост, мотивираност и еманципација на жените. Бидејќи, општеството не е еднакво, ако во него мажите и жените не се еднакви.

sunwin tài xỉu game sunwin sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

sunwin apk sunwin.apk mới nhất sunwin web

sun win

sun win