Tоа е прекрасна вест, затоа што овој манастир е од исклучително духовно и културно значење не само за Прилеп и прилепчани, туку и за целата држава.
Манастирските конаци се целосно обновени, а отворени се и можностите во рамките на програмата на Министерството за култура да се вклучи и поддршка за реставраторските работи на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, со цел да се заштитат вредните артефакти од 13 век.
Продолжуваме да го негуваме нашето вредно културно, духовно и историско наследство.