* реклами —————————————————————————————————————————————–
————————————————————————————————————————————————————
Ние, како Општински кризен штаб, продолжуваме со спроведување на нашите мерки. Со задоволство можам да кажам дека наидовме на подадена рака од страна на здружението на матични лекари од нашиот град, чии тимови од утре ќе започнат со волонтерска работа во Инфективното одделение во болницата „Борка Талески“.
Сакам да упатам благодарност до волонтерите од спасителната служба „Златоврв“, чија работа на терен во изминативе два дена веќе дава резултати. Нивниот ангажман придонесе за ставање на ред пред банките, маркетите, пазарот и на сите јавни места каде имаше групирање на граѓани.
* реклами ——————————————————————————————————————————————-
———————————————————————————————————————————————————
Во овој момент Општата болница располага со доволен број на кревети за хоспитализирање на пациенти заразени со коронавирус, а согласно проценките и епидемиолошките анкети, очекуваме дека од ден на ден ќе се намалува бројот на заболени.
#ПочитувајГиМерките
#НосетеМаска
#ДржетеРастојание