Средствата за овој капитален прокет во износ од 14.400.000 денари, со кои се реши деценискиот проблем на Гимназијата, беа обезбедени од страна на Министерството за образование и наука.
Посетата ја искористивме за да извршиме увид и во начинот на кој се одвива онлајн наставата во училиштето.
И покрај актуелната состојба со пандемијата на вирусот Ковид-19, инвестициите во училиштата не запираат, затоа што силно веруваме дека се од суштинско значење за квалитетот на образованието.