(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните

ЈОВАНОВИЌ: Мицкоски ако e фер, нека каже колку пари зема од професорската плата и од каде му се илјадниците евра за скапиот часовник којшто го носи сликан на оние идиотски мемиња?

Сталинисти, авторитарци, популисти и ноторни лажови кои изгледаат и делуваат мафијашки, обвинуваат за корупција и пад на медиумските слободи во државата. Сите луѓе на Груевски, да се потсетиме, се’ уште се во државата, некои се исчезнати, што значи дека ги изеде “ропотарницата на историјата”, а некои, а тоа е огромен број на луѓе, активно делуваат во медиумите и обвинуваат за корупција, криминал и пад на медиумските слободи. Обвинуваат за пад на медиумските слободи оние кои од медиумските екрани не се симнуваат.
Но, ајде да одиме со ред.

Темата со “борба против корупцијата” не можат да ја играат Мицковци затоа што тие беа и се’ уште се најголемите паразити, ленчуги и послушници кои го инсталираа таквиот систем на “јас тебе те гласам, а ти мене ми носиш привилегии”. Груевски, да се потсетиме, имаше инсталирано апсолутен клиентелистички систем преку корупција; немаше ниту еден бизнис кој можеше да пројде без провизија. Партијата не им се сведуваше на компетенции, знаења и способност, туку на чисто ориентално братство: ја тебе, ти мене. Тоа беше еден панаѓурски игроказ што трае во оваа држава од осамостојувањето до денес. Само што Груевски – таткото на Мицкоски – го претвори во совршенство. На тој начин системот се парализира и се гуши самиот од себе. Од таков систем, со луѓето може да правите што ќе ви се ќефне.

Партијата која има најскап паркет од 1.000 евра по квадрат, обвинува за корупција. Партијата која имаше и се’ уште има купишта од комби-партии, аналитичари и новинари и медиуми – платени со странски, црни и буџетски пари – обвинува за корупција. Наместо да понудат програма со која ќе објаснат како ќе ја решат корупцијата, Мицковци само обвинуваат, а немаат никакви опипливи показатели каде е корупцијата.

Чекаат само да дојдат на власт и повторно да се фрлат според старите добри проверени методи од “најстарата професија на светот”. А тоа е апсолутна корупција според принципот “озгора надолу”.
Суштината на Мицковистите е следна (а за корупција тие пет пари не даваат; мислам даваат се’, само да дојдат на власт): доста владеевте вие, сега сакаме ние власт. Тоа е целата приказна. Какви Јевропи, вредности и останати трици и шлајшупки. Сакаме власт, сега и веднаш, така размислуваат мицињата.

А, пак, уште кога ќе ги слушнам обвинувањата дека медиумските слободи биле во слободен пад, искрено да кажам ми се превртува стомакот. Заборавија како коленичеа пред Груевски: академици, новинари, редакции, министри, државни секретари и останати мегапаразити. Сите го поддржуваа не затоа што беше убав, паметен и реформатор, туку затоа што видоа добра шанса за лесен кеш и бесконечна фингирана медиумска сцена во која јасно се знаеше што смее, а што не смее да се појави во јавниот простор.

Мицкоски ако e фер, нека каже колку пари зема од професорската плата и од каде му се илјадниците евра за скапиот часовник којшто го носи сликан на оние идиотски мемиња? Прво тоа, па после приказни за корупционашкото ориентално братство.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

loading...