Во присуство на неколку стотини учесници на конференцијата, претставникот на Комерцијална банка, Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски сметки, сподели значајно искуство и совети за предностите и функционалностите на електронската трговија, која им овозможува на бизнисите да станат достапни за сите заинтересирани купувачи, од целиот свет и во секое време.
Комерцијална банка секогаш ги препознава новите потреби на своите клиенти и преку континуирани инвестиции во производите и услугите што ги нуди им помага да остварат раст и развој на бизнисите.