Branislava Licenoska
Денес за нашата фамилија е свечен ден.Скоро 8 дена живеевме во неизвесност и загриженост.Во минатиот петок мојата керка која работи во Болницата 8 септември како анестезиолог имала контакт со специјализанкста со која е блиска и е позитивна на вирусот.Таа е на домашно лекување.Сега нема изолација од 15 дена како порано ако си бил во контакт.Секако ако немаш никакови симптоми и одеше на работа иидежураш.Во средата направи тест а денес го доби резултатот дека е негативна..Ние од кога се случи Пандемијата максимално се придржуваме на сите препораки.Зашто јас сум на 86 г а внукот на 14 г. Но оваа недела јас настинав и се јавив кај матичен лекар и пиев лекарства како превентива.
Постојано мерев температура и бев под силен стрес.Но јас сум задолжена за кујната и морав да вршам набавки по телефон со максимална заштита.Во кујна спремам храна за сите.Керка ми не излегува од страв да не не зарази.Храната и се доставува од моја страна пред врата.Но најтешко ми беше за мојот внук кој не излегуваше малку на игралиште да се дружи и поигра со децата.Тој е во 9 оделение и има секој ден по 7 часа Часовите ми почнуваат од 12,30 и со одмори му завршуваат во 17,30.
Претпладне пишува домашно.2 пати во недела има приватен час по гитара. Седи сам во соба и со нас и со наставници и другари контактира преку телефон и комјутер. Почитувавме да не се дружи со другари но мислам он е во пубертет и со голем стрес ја прифаќа состојбата. Многу загрижен за здравјето на мајка му а и му фали контактот. Тоа го прави од двор и она на прозор.Со мене исто така контактира на растојание. Храна му носам во неговата соба. Ете така живеме сите ние кои имаме во куќа лекар кој работи во операциона сала со заболени со вирусот. Не е лесно но мора сето тоа да се почитува Денес е на работа во операциона сала во понеделник дежурна и повторно дежурна со истите проблеми од почитување на здрасвените пораки кој се полесни отколку да се заболеме.
Од тие причини ги замолувам сите мои сограѓани да ги почитуваат препораките.Носи маска и држи дистанца кога си надвор. Дома тие кои немаат лекар кој лечи болни се порастеретени и се комотни да се дружат.
ЌЕ ЗАВРШАМ СО ТОА ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ БЕЛИТЕ МАНТИЛИ ЗАШТО СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА МНОГУ СТРЕСНА РАБОТА.