Навистина е чудна прославата на ВМРО ДПМНЕ синоќа. Да славиш а да си поразен во Центар, Карпош, Куманово, Кочани, Битола, Ресен, Берово, Делчево, Струмица, Радовиш, Дојран, Валандово, Пробиштип, Крива Паланка и да си пред пораз во Скопје?!?!
Неизвесно е во Бутел, Велес, Гази Баба, Штип, Гевгелија и во многу други општини во земјава. Сигурна победа ВМРО ДПМНЕ има само во Прилеп и големо водство во Аеродром и евентуално во Охрид.
Да прогласиш победа а да не си победил во над 12 градови и уште 12 помали општини и плус си пред пораз во Скопје, тоа не е победа, тоа е во најмала рака нерешено. Или благ пораз.
Но ВМРОВЦИТЕ беа очајни за нив се освен катастрофален пораз е победа.
Јас велам дека ова е добар резултат за СДСМ под услов да ги добиеме Скопје и Битола во втор круг за што имаме добри шанси.
Зошто СДСМ падна од 54 на 30-тина освоено општини? Прво тие избори во 2017-та беа како цунами, во САД се викаат ЛЕНДСЛАЈД кога се менува цела политичка мапа, и тие не може да се повторат, тие се резултат на бурните случувања со бомбите на Заев и тепачките во собранието…
Падот може да се објасни и со неколку други факти.
Заев не владееше диктаторски нити популистички, правеше обиди да ја интегрира земјата во НАТО и ЕУ преку болни компромиси и тоа си даде цена на овие избори. Народот не секогаш ги разбира сите тие интеграции и гео стратегии и затоа често јаките реформатори губат на избори за потоа историјата да ги памети како големи државници.
На пример, Борис Трајковски на крај на својот мандат имаше рејтинг од 5%, но денеска сите го слават како голем лидер, никој не го памти куртонот Хорхе на пример кој владееше два мандата и имаше рејтинг до плафон а сега истпоријата го памети како најлош претседател во историјата.
На овие избори СДСМ доби казна и затоа што не ги УХЛЕБИ своите партиски војски. Нешто што требаше да го наградат неутралците, но таа награда не стигна. Партиските војски, дел од нив мислеа дека смената на Грујо е СПАДНИ КУРТО ДА СЕ КАЧИ МУРТО, не разбраа дека оваа револуција беше да нема веќе партиски вработувања партиски тендери партиски фирми партиски пљачки за полнење на џебовите на армиите на СДСМ, тоа никогаш не беше во план и дел од армиите на СДСМ тоа конечно го дознаа и решија да го казнат Заев за тоа.
Секако дел од послабниот успех има и хистеријата која бруи во една демократска држава каде опозицијаата секој ден креира дузина лажни вести а новинарите трчаат по тираж и гледаност правејќи од мал голем скандал некогаш измислувајќи скандали за да им се гледани вестите.
Со една реченица, Заев не победи триумфално туку извади нерешено затоа што е демократ, реформист и домаќински се однесува кон државната каса. Но добро е што ВМРО ДПМНЕ не успеа да победи, тоа е важно за земјава, таа и понатаму ќе продолжи поелка миц по миц да се клати кон прогресот и напредокот, таква ни е земјата, таков ни е народот, не може побрзо за жал, но барем одиме напред, да бидеме среќни и со тоа.
п.с Да не заборавиме дека дел од оваа влада е и ДУИ кои ја прегазија Алијанса, што значи севкупно сепак не е нерешено на овие избори, туку власта ја победи опозицијата.