Значи од каде да почнеме, трагедија е кога еден човек ќе напуни 50 години а нема две чисти за тоа како функционира капитализмот, како се креираат цени, како се прави профит како се продава некој продукт на целна група…
Оваа зграда не е на Водно, не е во некој елитен дел на градот, наменета е за луѓе со мал буџет, сигурно и становите се мали по 35 до 50 квадрати, значи фирмата што ја правела зградата имала во предвид која е целната група на купувачи, се прави процена кој каде обично купува станови, кои населби важат за елитни кои за не толку елитни итн итн…
За да може фирмата да опстане значи да направи профит и да плати даноци, плати, материјали, комуналии итн итн и да има капитал пак да гради друг објект мора да се процени дали и колку може купецот да издржи, сигурно дека ако цената може да достигне до 1300е како на Водно тогаш ќе се ставеле и најмодерни материјали ќе се употребеле најмодерни дизајни итн итн, но оваа зграда најверојатно се продава по цена од околу 900е м квадратен и затоа е направена така како што е направена.
На крајот на краиштата, се работи за понуда и побарувачка, не секој има високи стилски барања, некои категории на луѓе само бараат кров над глава, додека има клиентела која може да бира и да бара повисоки стилски стандарди. Но тоа архитектот Филип Марјановиќ не го разбира, дете на универзитетски професор, растел со сребрена лажица во уста, нема абер како живеат сиромашните а себе се нарекува левичар и делува како левичар, ама арогантен и надмен но на крајот излегува смешен со вакви постови…