– Се надевам дека преку моите завршни зборови и завршните зборови на мојата одбрана судот ќе донесе ослободителна или одбивателна пресуда. Ако добијам и шеста осудителна пресуда, дали нешто ќе се смени во општеството? Мојот одговор е дека ништо нема да се подобри, освен што Цановски ќе заработи од Буџетот на државата, давајќи поттик на други своето незаконско работење да го прикријат преку политички решенија користејќи ги правосудните органи, посочи Миле Јанакиески.
Тој го спомена и помилувањето од страна на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, но и, како што рече, мислењето на сегашниот министер за правда, Никола Тупанчевски кој вели дека предметот е застарен.
Според Јанакиески, „ова е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот и оти предност се дава на приватниот интерес, односно на човек кој незаконски гради и проблемите ги решава преку политика“.
Какво ѓубре колосално. Тој направи десетина милиони евра штета на еден бизнсмен и сега тие пари сите ние ќе ги платиме како оштета, и наместо Миле копукот да му се извини и на Цановски и на сите нас он се прави паметен па дури покажува со прст и обвинува, стока една криминална, монструм!