ЗАЕВ СИ ГО ИСПОЛНИ ЗБОРОТ, УШТЕ 1500 ДЕНАРИ И ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО 500 ЕВРА ПРОСЕЧНА ПЛАТА: ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ПОРАСНА ЗА 4,8 ОТСТО Во јули изнесувала 28.540 денари
ЗАЕВ СИ ГО ИСПОЛНИ ЗБОРОТ, УШТЕ 1500 ДЕНАРИ И ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО 500 ЕВРА ПРОСЕЧНА ПЛАТА: ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ПОРАСНА ЗА 4,8 ОТСТО Во јули изнесувала 28.540 денари
НОБ ДОБИ ИНСТРУМЕНТИ, СТОЛИЦИ, ПУЛТОВИ И СЦЕНСКА ОПРЕМА СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 663 ИЛЈАДИ ЕВРА
НОБ ДОБИ ИНСТРУМЕНТИ, СТОЛИЦИ, ПУЛТОВИ И СЦЕНСКА ОПРЕМА СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 663 ИЛЈАДИ ЕВРА
БРАВО - Со отворање ретроспективна изложба и предавање донација од над 4 милиони денари на клиниката за детски болести одбележан 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“
БРАВО - Со отворање ретроспективна изложба и предавање донација од над 4 милиони денари на клиниката за детски болести одбележан 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“
Средба на вицепремиерот Димитров со естонски експерти за официјален почеток на проектот за поддршка на дигитализација
Средба на вицепремиерот Димитров со естонски експерти за официјален почеток на проектот за поддршка на дигитализација
Премиерот Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска: Да го искористиме големиот интерес за соработка меѓу двете земји за добро на граѓаните
Премиерот Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска: Да го искористиме големиот интерес за соработка меѓу двете земји за добро на граѓаните
КАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН АВТОГОЛ - Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети
КАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН АВТОГОЛ - Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети
ЛОШ ДЕН ЗА ВМРОВЦИТЕ - Лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев
ЛОШ ДЕН ЗА ВМРОВЦИТЕ - Лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев
ЛАЖЕЊЕ БЕЗ УСУЛ И МЕРКА - ВМРОВЦИТЕ ГИ ПРЕМИНАА СИТЕ ГРАНИЦИ: Директорот на скопски водовод, Душко Вескоски со документи ги демантираше вмровците кои го обвинија за криминал!
ЛАЖЕЊЕ БЕЗ УСУЛ И МЕРКА - ВМРОВЦИТЕ ГИ ПРЕМИНАА СИТЕ ГРАНИЦИ: Директорот на скопски водовод, Душко Вескоски со документи ги демантираше вмровците кои го обвинија за криминал!

КАКОВ СРАМ КАКВА БРУКА: Вмровските првенци го величаа Вархеи како голем пријател на Македонија, а тој непримерно за еден еврокомесар побара Скопје да се прилагоди на интересите на Софија и ја поткопа својата улога во ЕК во интерес на Орбан

Имаше една интересна епизода во дебатата пред некој ден на Канал 5 на портпаролите на двете најголеми партии околу партизанскте години во Македонија и југословенската заслуга за формирањето на македонската држава. Годиниве наназад вмровската платформа беше дека Југославија и Тито направиле своевидна зандана за Македонците и Македонија и ја спречиле целосната независност на државата. Сега многу од „вмровски борци“ се колнат во нивните титови пионерски години и го слават АВНОЈ. Така беше и со оваа епизода. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го праша нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, зошто улицата каде што е седиштето на нејзината партија вмровската власт ѝ го промени името од „Бихаќска“ во „Павел Шатев“. Во Бихаќ беше одржано Првото заседание на АВНОЈ, а тоа вмровските власти беше објаснето како прекин со југословенското наследство. Сега АВНОЈ треба да се гушка што посилно со двете раце. Арсовски немаше што да одговори.

Ова е само една мала епизода од вителот на хипокризијата што ги зафати не само овие простори, туку пошироко и сите европски меридијани. Видете што се случи со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. За време на сослушувањето на Вархеи во Европскиот парламент тој пред пратениците јасно изјави: „Јас нема да бидам обврзан или под влијание од некаква изјава или позиција на кој било премиер на која било земја или кој било друг претставник на која било влада“. Секако, тоа беше одговор на обвинувањата дека може да биде продолжена рака на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европската комисија. Тој тоа го повтори и за време на една од неговите посети на Скопје.

И навистина, тој одигра добра улога во калибрирањето на забалешките на Франција за нова платформа на процесот на проширувањето, а и во обезбедувањето на помошта од 3 милијарди евра од Европската комисија за сиромашните балкански земји. Овде во Скопје, вмровскиот лидер, Христијан Мицкоски за време на телевизискиот дуел со Зоран Заев во март, кога се веруваше дека изборите ќе се одржат на 12 април, егзалтирано зборуваше за „големиот пријател на Македонија”, унгарскиот премиер Орбан и комесарот за проширување Вархеи. Тој дури индиректно навестуваше дека Вархеи работи по некакви упатства од Орбан за Македонија да доживее успех. Неговиот советник за надворешни работи, Стефан Андоновски, исто така со воодушевување во едно интервју велеше дека „Оливер Вархеи е голем пријател на Македонија“.

Како се купуваат сојузници

И тогаш дојде ќор-сокакот во ЕУ околу буџетот за наредните седум години и посебната помош за справување со последиците од пандемијата вредна 750 милијарди евра. И условот – парите од буџетот и помошта да се делат според почитувањето на владеењето на правото. Главните блокатори на буџетот, Унгарија и Полска, почнаа да бараат други сојузници во ЕУ и се свртеа кон Бугарија, чија влада последниве неколку години почна да чекори на илибералниот пат (како што тоа со груба прецизност го објасни „Фајненшел тајмс“).

Во таа игра беше вклучена Македонија, ни крива ни должна. За да се добијат сојузници, па макар не биле и многу гласни, треба нешто да се понуди за возврат. Она што бриселскиот весник „Политико“ (тој последниве години стана најрелевантен извор за она што се случува видливо и невидливо низ кулоарите во ЕУ) го напиша – дека се јавува „повремен критицизам за Вархеи дека е повеќе чувствителен на унгарските интереси отколку на ЕУ како целина“, веднаш се појави речиси на јасен начин.

Во Европскиот парламент тој директно побара Македонија да работела повеќе „за да излезе во пресрет на бугарската загриженост и да се обиде да дојде решени кое е целосно прифатливо за двете страни“ и со тоа излезе од рамката на неговата функција, па дури и ја поткопа сопствената позиција во Европската комисија дека треба да работи за интересите на Брисел кој бара Македонија најбро што може да ги почне преговорите за членство. Пред извесно време и еврокомесарката за иновации, култура, истражување и култура, Бугарката Марија Габриел, изјави дека застанува за барањето на владата во Софија Скопје да ги исполни нејзините барања ако сака да се тргне блокадата за почеток на преговорите.

Можеби навистина Вархеи е уште „голем пријател на Македонија“, како што горделиво изјавуваа од ВМРО-ДПМНЕ, но неговото престројување на страната на Будимпешта, ги остави без муниција неговите овдешни поклоници па сега главно тие треба да си ги поставуваат прашањата за неговата и сопствената хипокризија. Што е уште поинтересно, се дознава дека Вархеи уште пред еден месец побарал од земјите-членки решавањето на спорот со Бугарија да стане дел од преговарачката рамка, што со индигнација било одбиено, пред сѐ од Германија. Ваква пристрасност на еден комесар за проширување не е забележена досега во Европската комисија. Ниту Оли Рен, ниту Штефан Филе, ниту Јоханес Хан не се осмелуваа да ја поддржат Грција во спорот со Македонија околу името, туку бараа само добра волја од двете страни да се надмине проблемот. Вархеи ја гледа патеката за надминување на спорот само кон прилагодување на Скопје на интересите на Софија.

Дека во во ЕУ се случува своевидно престројување во однос на базичните европски интереси и норми покажува и примерот со Србија. Поради блискоста на Виктор Орбан и Александар Вучиќ Вархеи подолго време инсистира Србија да отвори уште едно поглавје во преговорите (Осмото, кое се однесува на конкурентноста), но поголемиот број европски земји ги оладија овие настојувања, велејќи дека во Белград освен ветувањата не е направено ништо значајно во однос на владеењето на правото, независноста на судството и слободата на изразувањето. И дека отворањето на ново поглавје не е можно, затоа што на тој начин треба да се награди земјата која во реалноста назадува.

Оливер Вархеи оди на самиот раб на кредибилноста на неговата функција како комесар за проширување, и ако продолжи во значајна мерка да ги следи интересите на Виктор Орбан тогаш неговата улога кај кандидатите за членство ќе биде примана со сѐ поголема резерва. Неговиот мандат ќе се оценува според тоа колку го доближил Западниот Балкан кон ЕУ. Доколку на крајот целиот процес биде поткопан поради интересите на една земја-членка прашање е кој ќе има енергија и желба тој да се врати на вистинските патеки.

Земјотрес од 9 степени

Во европските работи ниту имаме моќ ниту инструменти да се мешаме кога не си член на клубот, но можеме да ја гледаме хипокризијата на оние што се удираат в гради со наводната заштита на семејните вредности. Случајот на унгарскиот европратеник Јозеф Саер (еден од основачите на партијата на Орбан, Фидес, и негова десна рака во Брисел) е доволно илустративен. Хомосексуалната оргија за време на забраната за собирање во Брисел е како земјотрес од 9 степени по Рихтер за христијанските крстоносци во Будимпешта. Но не е во прашање само владата на Орбан, туку и онаа во Варшава.

Орагнизаторот на ваквите секс оргии во Брисел, Давид Манжелеј (29), кој вакви легални дружења организирал веќе две години, на полскиот дигитален весник „Онет“ му кажа многу други скокотливи податоци: „Има украински, француски, германски, холандски, луксембуршки, швајцарски и шпански политичари. Но најчести гости беа Полјаците и Унгарците. Четворица членови на владејачката полска партија Право и правда се регуларни гости на овие журки. Сите тие имаат семејства и уште на самиот почеток бараа нивното учество да се држи како тајна“. Тој вели дека дури девет политичари членови на Фидес биле дел од овие оргии за хомосексуалци; дека понекогаш биле повикувани и жени, но само за да гледаат, а не да учествуваат.

И најинтересниот дел од сведочењето: „Повеќемина од 25-те присутни, сите голи кога влезе полицијата, мислеа дека упадот е дел од сценографијата на забавата и дури отпосле сфатија кога од нив беа барани личните карти“.

Во една целосна контрола на општеството во Унгарија од страна Орбан премиерот се обиде да ја амортизира ситуацијата со тоа Саер веднаш мораше да ја напушти партијата (не само да поднесе оставка од пратеничката функција во ЕП) во чие основање врз либералните вредности беше еден од главните актери. Политичките кругови во Будимпешта велат дека хомосексуалноста на Саер била јавна тајна барем петнаесетина години (тој беше автор на членот дека бракот е заедница на маж од новиот устав на земјата во 2011 година), но додека тоа не стане скандал и додека тој може да остане на браникот на интересите на Орбан во Брисел ќе може да се молчи за неговата хипокризија.

Во Варшава изгледа дека хипокризијата ја сфатија посеризно, особено по најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека доколку не дојде до пробив во ќор-сокакот за европскиот буџет и ветото на Полска и Унгарија, тогаш Брисел ќе го старува пакетот од 750 милјарди евра за помош без нив и двете земји нема да добијат ништо од тие пари. Прокламираните вредности се едно, но парите сосема друго. Особено кога една влада во значајна мерка зависи од европската помош. Па Варшава преку умерениот вицепремиер Јарослав Говин најави дека е можен компромис – парите да стигнат и некако да се зачува принципот на владеењето на правото во условите. Прашање е дали тоа ќе биде доволно, затоа што останува помалку од една недела од самитот на лидерите во живо. Доколку тоа биде фалшлив договор, речиси сигурно нема да помине во Европскиот парламент, кој е крајната инстанца за усвојување.

Доколку остане блокадата на Македонија од страна Бугарија и доколку буџетот не биде донесен тоа де факто ќе биде неуспех на германското претседателство од кое сите очекуваа своевидни чуда поради моќта на државата. Тоа ќе биде и личен несупех на Ангела Меркел, која идната година во ова време веќе нема да биде канцелар и веројатно ќе треба да се запраша – дали им прогледував низ прсти повеќе отколку што треба на пријателите од Европската народна партија за да се зачува компактноста на „семејството“. А после веќе беше доцна нешто да се промени.

Љупчо Поповски
извор: ДВ

loading...

AnimeFLV: DD Fist of the North Star anime episode 13 online free at https://animeflv.uk watch animes

AniWatch: K: SEVEN STORIES "Circle Vision - Nameless Song - " anime episode Full online free at https://aniwatch.pro animes online

Watch Maha-Stamaprapta Bodhisattva's Preachment on Being Mindful of the Buddha Episode Full

Website https://wcostream.cc: Watch 3x3 Eyes: Legend of the Divine Demon wcostream Episode 3 watch anime dub

Giantbomb: https://www.giantbomb.com/profile/gogoanimebe/about-me/

Allmyfaves: https://www.allmyfaves.com/animefreakws