ЛДП и ДОМ на локалните избори ќе одат самостојно, без коалиција
ЛДП и ДОМ на локалните избори ќе одат самостојно, без коалиција
Пратеникот Салиу се извини на Фејсбук, го испровоцирале полицајците
Пратеникот Салиу се извини на Фејсбук, го испровоцирале полицајците
НАШИТЕ ВОЈНИЦИ ДОБИЈА ПОФАЛБА ОД НАЈВИСОКО НИВО - Брнз: Секогаш сум импресионирана од професионалноста и од стручноста на војниците што ги сретнувам во земјава
НАШИТЕ ВОЈНИЦИ ДОБИЈА ПОФАЛБА ОД НАЈВИСОКО НИВО - Брнз: Секогаш сум импресионирана од професионалноста и од стручноста на војниците што ги сретнувам во земјава
БРАВО - Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето
БРАВО - Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЕ РАСИПАНИ ВМРОВЦИТЕ: ПРАТЕНИЧКАТА ДАФИНА АНГЕЛОВСКА НЕ ОТРУ СО ОМРАЗА КОН АЛБАНЦИТЕ, НО ПРИВАТНО НАУЧИЛА АЛБАНСКИ ЈАЗИК ЗА ДА КАКО СТОМАТОЛОГ ИМ ЗЕМА ПАРИ НА АЛБАНЦИТЕ ВО ГОСТИВАР
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЕ РАСИПАНИ ВМРОВЦИТЕ: ПРАТЕНИЧКАТА ДАФИНА АНГЕЛОВСКА НЕ ОТРУ СО ОМРАЗА КОН АЛБАНЦИТЕ, НО ПРИВАТНО НАУЧИЛА АЛБАНСКИ ЈАЗИК ЗА ДА КАКО СТОМАТОЛОГ ИМ ЗЕМА ПАРИ НА АЛБАНЦИТЕ ВО ГОСТИВАР
БРАЌАТА БУГАРИ СЕ ПРЕТЕРАА СО ЛУДИЛОТО - ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РУМЕН РАДЕВ НИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА ЗАТОА ШТО БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЗАГРОЗЕНИ?!?!
БРАЌАТА БУГАРИ СЕ ПРЕТЕРАА СО ЛУДИЛОТО - ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РУМЕН РАДЕВ НИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА ЗАТОА ШТО БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЗАГРОЗЕНИ?!?!
Заев: Шилегов ја има мојата поддршка за нов мандат, не само затоа што ми е другар туку и затоа што добро си ја работи работата!
Заев: Шилегов ја има мојата поддршка за нов мандат, не само затоа што ми е другар туку и затоа што добро си ја работи работата!
(ВИДЕО) КАКВА БРУКА - Слободен печат дознава: Синот на поранешниот поглавар на ИВЗ е повреден во престрелка во Ѓорче Петров
(ВИДЕО) КАКВА БРУКА - Слободен печат дознава: Синот на поранешниот поглавар на ИВЗ е повреден во престрелка во Ѓорче Петров

ОЈО ИЗЛЕЗЕ СО ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЈНОВАТА ИСТРАГА – КАКОВ СРАМ КАКВА БРУКА ЗА ПАТОРОТ – ИСПАДНА НАЈБЕДЕН ЛОПОВ – УКРАЛ ОД ПАРТИСКАТА КАСА 1,3 МИЛИОНА ЕВРА И СИ КУПИЛ 11 000 КВАДРАТИ ЕКСКЛУЗИВНО ЗЕМЈИШТЕ НА ВОДНО СО НАМЕРА ТАМУ ДА ГРАДИ РАСКОШЕН ДВОРЕЦ КАКОВ СКОПЈЕ ДОСЕГА НЕМА ВИДЕНО!!!

Откако утрово беше уапсен Ристо Новачевски, кумот на екс премиерот Никола Груевски, а за случајот “Плацеви на Водно”, од обвинителството соопштија детали.

Првоосомничен во случајот е Груевски, за кого истрагата покажала дека тој со пари на партијата си купил плацеви во вредност од над 1,3 милиони евра.

-По повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик .

Во периодот од 2006 до 2012 година првоосомничениот искористувајќи траен однос и исти прилики противправно за себе присвоил туѓи подвижни предмети што му биле доверени. Имено, тој како претседател на политичка партија дел од паричните средства кои во овој период ги примил лично или преку општинските комитети на партијата како донации за финансирање на политичката партија, не ги прикажал како примени донации во финансиските квартални извештаи на партијата и од нив за себе присвоил пари во износ најмалку од 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари.

Во периодот од октомври 2012 година до септември 2013 година средствата прибавени со кривичното дело – Затајување од чл.239 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик ги пуштил во оптек со купување на градежно земјиште на Водно. Второосомничениот, иако знаел дека паричните средства се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиросметката да му бидат дадени на располагање. Во јули 2012 година била основана фирма – ќерка во Скопје на која, по претходен договор со првоосомничениот, станал управител третоосомничениот. На сметката на правното лице во повеќе наврати биле пуштени во оптек средствата прибавени со кривично дело. По постигнување на согласност за купопродажната цена, третоосомничениот во својство на управител на правното лице извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11.000м2.

Во периодот од 20 јули 2015 до 26 јуни 2019 година, по јавно објавените разговори кои ја откриваат сопственоста на градежните парцели во КО Центар 2, со цел да се прикрие вистинскиот сопственик третоосомничениот како управител на правното лице, ја пренел сопственоста на друго правно лице. Тој, по претходен договор со првооосомничениот, користејќи полномошно издадено од сопственикот на правното лице од Белизе ја пренел сопственоста на правното лице чиј управител е петоосомничениот, а шестоосомниченото лице се јавува како краен сопственик на правното лице. За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот „новите сопственици“ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785м2 на три нови парцели. За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацовите биле пренесени на физичко лице без платен удел, но со определен рок од 3 години за исплата на купопродажната цена.

Во утринските часови денеска, третоосомничениот е лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје. Обвинителството ќе му предложи на судот на осомничениот да му биде определена мерката притвор. За останатите осомничени судот веќе има изречено превентивни мерки за обезбедување на присуство во други предмети, а првоосомничениот е недостапен на органите на прогон, се вели во соопштението на обвинителството.

Овој случај го отвори згаснатото СЈО.

loading...

Haikyuu!!: To the Top Episode 13 at ANIMEFLIX animeflix inuyasha

Pokemon Journeys: The Series (https://animefreak.ws/m/vWYL) Episode 51 at AnimeFreak animefreak bleach