(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

КАКВИ ЛУДАЦИ ИМА МЕЃУ НАРОДОТ – Нотарка и нотар со тепање принудиле Тетовец да им го препише автомобилот без пари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение за изнуда против шест лица.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, едно лице е обвинето за кривичните дела „изнуда“ и „несовесно работење во службата“, друго лице е обвинето за кривично дело „изнуда“, а поднесен му е и Обвинителен предлог за „загрозување на сигурноста“, две лица се обвинети за кривично дело „изнуда“, една од обвинетите лица за помагање при извршување на кривичното дело „изнуда“, а едно лице (нотар) е обвинето за кривично дело „несовесно работење во службата“.

– Обвинетата за помагање, делото го сторила така што на 6 септември 2020 година го остварила првиот телефонски контакт со оштетениот, му се претставила како девојка на првообвинетиот и побарала од него средба и финансиска помош. Таа го намамила да се сретнат следниот ден на улицата „Качанички пат“. Кога дошол на средбата, обвинетите на повеќе локации на Качанички пат, автопатот Скопје-Тетово, патарината Глумово, но и во нотарската канцеларија на обвинетиот нотар во Тетово, со употреба на сила и сериозна закана го принудувале оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Имено, тие на особено насилен начин, нанесувајќи му телесни повреди, го принудувале да им го препише сопствениот автомобил „Масерати“, без притоа да му биде платено, се наведува во соопштението.

Обвинетата нотарка, како што велат од Јавното обвинителство, се товари дека очигледно несовесно постапувала во вршење на своите овластувања и должности, па поттикната од првообвинетиот ја отворила нотарската канцеларија надвор од работното време, го составила договорот за купопродажба на возилото, наведувајќи притоа повеќекратно помала и нереална цена од 2.950 евра, за да ја избегне забраната за готовинско плаќање и обврската да пријави сомнителна трансакција.

– Иако не било извршено никакво плаќање на наведената цена, во членот 3 од Договорот навела дека сумата од 2.950 евра била исплатена пред нотарот, на денот на заверка на потписите, со што овозможила незаконит преност на сопственоста над автомобилот во корист на првообвинетиот — се додава во соопштението.

Дополнително, како што велат од ОЈО, второобвинетиот во овој предмет, на 8 септември 2020 година, при обидот да биде лишен од слобода, ја загрозил сигурноста на полицискиот службеник во реонот на езерото Треска, кој постапувал по наредба. Тој му се заканил на полицаецот дека ќе нападне по неговиот живот, односно дека ќе го убие и после 10 години кога ќе излезе од затвор.

За четворица од обвинетите, за кого Основниот кривичен суд Скопје претходно со решение имаше определено мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител побара продолжување на оваа мерка, со цел непречено водење на кривичната постапка.​

loading...

AnimeDao fruits basket animedao: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full (https://animedao.nl/m/nXJK/ep-1)

GoGoAnime overlord gogoanime: Attack on Titan Final Season (Dub) (https://gogoanime.be/m/Gpn4) Episode 13