Од вкупно седум града во земјава во кои се гласаше во вториот круг на претседателските избори во Бугарија, Радев победи во пет, а неговиот противкандидат Герџиков освои повеќе гласови во Струмица и во Охрид
Актуелниот бугарски претседател Румен Радев во вториот круг освои повеќе гласови во Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Штип, а Атанас Герџиков победи во два града – Струмица и Охрид, во рамки на гласањето на дијаспората во вчерашниот втор круг од изборите во Бугарија.
На територијата на земјава, Радев освои 62,5 отсто од гласовите или 205 гласа, додека неговиот противкандидат во Македонија доби 37,5 отсто или 123 гласа, покажуваат конечните резултати на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК).
Во вториот круг од изборите за претседател на Бугарија е забележана помала излезеност во С Македонија, односно гласале 298 лица, за разлика од 374 кои гласале во првиот круг.
Севкупно, според обработени над 99 отсто од гласовите на бугарските гласачи од земјата и дијаспората, ЦИК утрово објави дека Радев освоил 66,7 отсто од гласовите на бугарските избирачи, додека противкандидатот од ГЕРБ, Анастас Герџиков, добил 31,8 отсто од гласовите.
Излезеноста на изборите беше околу 40 отсто од запишаните граѓани во Избирачкиот список.
Веднаш по објавувањето на излезните анкети, Герџиков го призна поразот, но нагласи дека целиот државен апарат работел за изборната кампања на Радев.
Откако стана јасно дека тој е старо-новиот претседател на Бугарија, Радев се осврна на македонско-бугарските односи и рече дека новата влада не треба од отстапи од националните позиции, особено кога „залогот е бугарскиот идентитет и историја и правата на нашите сонародници зад граница“.