За 25 години Mastercard® на Комерцијална банка, во 25 дена да направиме нешто бесценето!
Во периодот од 15 декември 2020 до 8 јануари 2021 година, за секоја трансакција направена со Mastercard® од Комерцијална банка на продажни места и онлајн, ние од сопствени средства ќе донираме за грижа на деца со аутизам.
Со оваа кампања, за време на празничниот период заедно ќе направиме нешто бесценето. Вие со вашите картички ќе купувате брзо, безбедно и едноставно, а ние од сопствени средства ќе донираме за подобрување на животот и развојот на децата со аутизам. Вие купувајте – ние донираме!
Во оваа кампања ќе учествуваат сите трансакции направени со Mastercard® картичките од Комерцијална банка за физички и правни лица, како и трансакциите направени со дигитализирана картичка преку апликацијата KomPay.
Да направиме што повеќе трансакции и што поголема донација, а по завршувањето на кампањата ќе го објавиме собраниот износ.
Комерцијална банка и Mastercard®, заедно за нешто бесценето.