Кандидатот за градоначалник на Скопје од Комунистичката партија на Македонија – Титови сили, Горан Арсовски во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека доколку тој стане градоначалник на Скопје, ќе го направи Вардар пловен.
-Ќе го направиме Вардар пловен од Ѓорче Петров до Лисиче и на граѓаните ќе им понудиме бродски транспорт, рече Арсовски.
Денеска Данела Арсовска вети бесплатен јавен превоз за што експертите рекоа дека ќе го чини град Скопје 20 до 30 милиони евра годишно, додека буџетот на градот е 80 милиони евра?!?!
Пред некој ден кандидатот на Левица вети дека градот ќе дели бесплатни патики на сите оние кои ќе одат пешки на работа.
Оваа кампања е најзабавна досега нека продолжи така бар да се изнасмееме сите заедно.