ССМ ќе го блокира влезот на Скопје
ССМ ќе го блокира влезот на Скопје
Кавадарчани ќе донираат брис, во потрага по компатибилен дарител на коскена срцевина за лекување на малиот Марко
Кавадарчани ќе донираат брис, во потрага по компатибилен дарител на коскена срцевина за лекување на малиот Марко
Бевме цел на хибриден напад дома во врска со францускиот предлог, можна е кривична постапка, вели Османи
Бевме цел на хибриден напад дома во врска со францускиот предлог, можна е кривична постапка, вели Османи
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини
Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда
Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АМЕРИКА - ГОЛЕМА ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ДЕСНИЦАТА: ПО 50 ГОДИНИ АБОРТУСОТ СТАНУВА НЕЛЕГАЛЕН, УСТАВНИОТ СУД СО ГЛАСОВИТЕ НА ТРОЈЦАТА СУДИИ КОИ ГИ ПОСТАВИ ТРАМП ГО УКИНА ЗАКОНОТ РОУ ВЕЈД СПОРЕД КОЈ АБОРТУСОТ БЕШЕ ЛЕГАЛЕН НА ФЕДЕРАЛНО НИВО
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АМЕРИКА - ГОЛЕМА ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ДЕСНИЦАТА: ПО 50 ГОДИНИ АБОРТУСОТ СТАНУВА НЕЛЕГАЛЕН, УСТАВНИОТ СУД СО ГЛАСОВИТЕ НА ТРОЈЦАТА СУДИИ КОИ ГИ ПОСТАВИ ТРАМП ГО УКИНА ЗАКОНОТ РОУ ВЕЈД СПОРЕД КОЈ АБОРТУСОТ БЕШЕ ЛЕГАЛЕН НА ФЕДЕРАЛНО НИВО
Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за активни мерки за вработување 1,9 милијарди денари
Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за активни мерки за вработување 1,9 милијарди денари
Приведен криминалец од скопски Грчец баран со потерница, Приведен скопјанец за издржување затворска казна, Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна
Приведен криминалец од скопски Грчец баран со потерница, Приведен скопјанец за издржување затворска казна, Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

АНАЛИЗА НА МЕТА: Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата во Јегуновце го демне здравјето на граѓаните [фото]

Обоената вода со шестовалентен хром и други материи се влива во реката Вардар кај депонијата во Јегуновце; Фото: Мета.мк
Фабриката „Југохром“ од Јегуновце била отворена во далечната 1955 година, но уште од самиот почеток на нејзиното работење не се посветило доволно внимание на заштитата на животната средина, особено на загадувањето на подземните и површинските води во овој дел од Полошкиот регион. Отпадната хроматна кал и отпадната згура од производството на феролегури од „Југохром“ почнала да се носи во индустриската депонија, се наведува во научниот труд „Влијание на депонијата од ХЕК Југохром – Јегуновце врз квалитетот на површинските и подземните води“, изработен од УХМР пред 20-тина години.

Мета.мк се упати кон тетовското село Јегуновце и ја посети фабриката „Југохром“ и индустриската депонија што се создала од неколкудецениското работење на овој производствен гигант од втората половина на минатиот век. Околу 850.000 тони индустриски отпад се лоцирани во депонијата во близина на железничката станица во Јегуновце, кои зафаќаат површина од околу 80.000 метри квадратни. Помеѓу отпадот што се складирал има хромати на калциум, алуминиум и натриум.

Индустриската депонија во Јегуновце во која е складиран шестовалентниот хром; Фото: Мета.мк
Сепак, она што најмногу загрижува е присуството на околу 7.500 тони шестовалентен хром, којшто е канцероген и опасен за човекот и животната средина. Само 11.000 метри квадратни од површината на депонијата е обложена со заштитна фолија, со која треба да се спречи продирањето на опасните хемикалии во подземните води. Останатата површина од депонијата е незаштитена, а до каде допираат последиците од ваквата негрижа може само да се претпоставува.

Индустриската депонија во Јегуновце е една од жешките еколошки точки во нашата земја. За да се контролира исцедокот од депонијата, во 2003 година е изграден дренажен систем, додека преку препумпните станици се зафаќа исцедокот и водите од депонијата коишто преку цевки се носат до пречистителната станица за отпадните води во кругот на фабриката „Југохром“.

Ова би била идеалната состојба која што треба да спречи загадување на водите од депонијата, но Мета.мк на лице место увиде дека вода со карактеристична жолто-портокалова и темно црвена боја се гледа до пумпната станица кај депонијата, која што се влива директно во реката Вардар. Се чувствува непријатен мирис на локацијата, додека растенијата коишто дошле во допир со обоената вода се одамна изумрени.

Обоената вода со шестовалентен хром и други материи се влива во реката Вардар кај депонијата во Јегуновце; Фото: Мета.мк
И граѓаните со коишто разговаравме во Јегуновце ни рекоа дека кога се високи подземните води, пумпите не успеваат да ја соберат сета количина на вода што се одлива од депонијата, така што загадениот вишок се влева директно во реката Вардар. Огромниот рид отпад висок над 23 метри е ограден за да се спречи влез на луѓе и добиток во депонијата, но сепак на локацијата нема видео-надзор или чувар којшто би ги предупредувал лицата да не се приближуваат до локацијата.

Месното население со горливо искуство во минатото
Жителите на Јегуновце и околните села раскажуваат дека во последниве две децении, откако е изградена пречистителната станица, водите кои се исцедуваат од депонијата и од халите на некогашната фабрика се зафатени во цевковод и не се видливи. Сепак, последиците од нивното постоење и денеска ги плашат.

Драгољуб Јовановски од селото Јегуновце ни рече дека во минатото пред изградбата на пречистителната станица имало случаи добиток да се напие од загадените води и да умре.

„После тоа се дозна дека таа вода е отров и сега е спроведена во цевки, скриена“, вели Јовановски.

Неговиот сограѓанин Трпче Теофиловски вели дека Јегуновце има чиста вода за пиење и дека не слушнал некој да има здравствени проблеми од индустриската депонија во која има шестовалентен хром. Сепак, не сакаше во детали да говори за тоа колку е ефикасно работењето на пречистителната станица на отпадните води во „Југохром“.

Тој ни рече дека пред околу 20-тина година е изграден целиот систем за насочување на опасниот исцедок од депонијата кон пречистителната станица, но во колкав процент работи овој објект не знаеше да ни објасни.

За проблемот со отпадните материјали складирани во индустриската депонија, разговаравме и со Јовица Јованоски, жител од селото Јегуновце.

„Не е решено, нема кој да го реши. Треба да се жалиме на поголемо место“, рече тој.

Јованоски објасни дека чиста вода за пиење имаат во Јегуновце, но и дека поинаква е ситуацијата со водите кај депонијата.

Клучното прашање во колкави количини и каде завршува целиот исцедок збогатен со шестовалентен хром од депонијата не можеше никој да ни го одговори. Единствено, алармантната слика забележлива на терен кај депонијата е видлива за човековото око. Детални одговори на ова прашање не може да се добијат од вработените во пречистителната станица, која што се наоѓа во кругот на „Југохром“ бидејќи фабриката веќе дваесетина години нема Одделение за екологија. Во моментов, анализи на состојбата со водите на Вардар прави само УХМР.

Со пречистителната станица стопанисува Министерството за животна средина и просторно планирање, но не работи со целосниот капацитет. Ако некогаш се работело во три смени по шест часа, сега се работи два пати дневно по неколку часа. Сега капацитетот е 60 кубни метри вода на ден, за разлика од некогаш кога се прочистувале и по 600 кубни метри дневно.

Исцедокот доаѓа од дренажниот систем на депонијата и има концентрации од 400 до 1.000 милиграми на литар шестовалентен хром, додека пак, отпадната вода од бунарскиот систем од комбинатот има концентрации од два до четири милиграми на литар.

Како што ни објаснија вработените во пречистителната станица, за да може да се прочисти шестовалентниот хром од депонијата, овие две води кои се собираат во базен, се мешаат, и концентрациите се намалуваат до 60 или 80 милиграми на литар.

Во станиците за редукција и неутрализација, шестовалентниот хром станува тровалентен, кој не се смета за опасен за околината, а ПХ вредноста се балансира на вредности меѓу шест и седум. Пречистената вода треба да помине низ таложник и да биде испуштена во реката Бистрица. Сепак, таложникот во моментов не работи, па затоа пречистената вода сега во речните води завршува заедно со талогот.

Десетици милиони евра ќе бидат потребни за санација на теренот
Во 2020 година, Министерството за животна средина и просторно планирање реализираше три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентниот хром во „Југохром“ и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк велат дека пречистителната станица во фабриката „Југохром“ е во сопственост на компанијата ДПТУ Југохром АЛЗАР, додека депонијата е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.

Врз основа на договорот за купопродажба на фабриката, во 2003 година бил потпишан договорот помеѓу СИЛМАК/ЕКОМАК (ХЕК ЈУГОХРОМ АД Јегуновце) и Министерството за животна средина и просторно планирање, во кој се дефинирани договорните врски за работата на пречистителната станица.

Согласно договорот, ЕКОМАК/СИЛМАК преземал одговорност за тековното одржување на пречистителната станица. Тековното одржување подразбира сервисирање и интервенции неопходни за механичко работење на постоечката опрема во фабриката, во нивната тогашна конфигурација и работоспособност.

Министерството презело обврска да ги покрие сите трошоци за непрекината работа на пречистителната станица, и тоа набавка на сите неопходни продукти за процесот, вклучувајќи и реагенси и хемикалии, како и обезбедување плати и трошоци за работниците на пречистителната станица. Од 2016 година, од кога „Југохром“ не работи, сите обврски на компанијата ги реализира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од ова министерство додаваат дека лани реализирале набавка за изготвување на основен изведбен проект за санирање на таложникот во пречистителна станица и во тек се подготовките за изработка на техничката спецификација за објава на јавна набавка за реализирање на проектот за реконструкција на истиот.

„Истовремено се изготвува техничка спецификација за јавна набавка за одржување на опремата во пречистителна станица и во пумпна станица во депонија и SCADA системот за 2022 година. Набавките се предвидуваат во крајот на месец февруари 2022 година“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Управителот на ДПТУ Југохром АЛЗАР, Васко Скендеровски за Мета.мк вели дека компанијата има обврска вработените во пречистителната станица да ги има на платниот список, иако средствата за нивните плати се рефундираат од Министерството. Исто и хемикалиите потребни за работа на станицата ги набавува ова министерство.

Скендеровски вели дека фабриката нема никакви ингеренции ниту за депонијата, каде што е складиран историскиот отпад во кој влегува и шестовалентниот хром. Таа се наоѓа надвор од кругот на фабриката и е во лоша состојба. Таму не е акумулиран само отпад од работата на некогашната државна фабрика, во вид на шљака од феросилициум и ферохром, туку има и многу градежен шут и друго ѓубре.

Складирањето не е правено систематски, така што сега е дискутабилно и дали и колку нешто може да се искористи како секундарна суровина.

„Југохром е засебно правно лице, кое освен што нема ингеренции, не гледа ниту економска логика да влегува во процес на чистење на историската депонија. Тоа би ни создало само дополнителен трошок, а немаме никаков интерес“, вели Скендеровски.

Од Министерството за животна средина и просторно планират пак објаснуваат дека долготрајно решение е санација на индустриската депонија. Една опција е отстранување на отпадот, односно ремедијација на локацијата.

„Имаме заинтересирани компании за можноста за екстракција на корисна минерална суровина, со тоа и ремедијација, меѓутоа сè уште немаме компанија, со искуство што ги опфаќа сите аспекти за управување со опасен отпад од таков вид“, велат од Министерството.

Во 2007 година била направена физибилити-студија за ремедијација на депонијата, тогаш било утврдено дека ќе бидат потребни над 20 милиони евра. Сепак, од денешна гледна точка, ваквите трошоци се многу поголеми, бидејќи студијата била изработена според тогашните цени на пазарот.

Јегуновце ќе биде прогласено за контаминирано подрачје?

Од Министерството велат дека во собраниска постапка за усвојување се измените и дополнувањата на Законот за животна средина, со цел овозможување на формална идентификација на контаминираните подрачја на територијата на РСМ. Притоа, се воведуваат нови одредби со кои се уредува постапувањето со контаминирано подрачје. Откако истото формално ќе се идентификува, тоа се прогласува од страна на Владата и за Јегуновце би се подготвил План за управување со контаминирано подрачје, кој ќе ја вклучува и ремедијацијата на подрачјето.

Мета.мк се обиде да стапи во контакт и со Општина Јегуновце и тамошниот градоначалник Диме Костадиновски. Ги прашавме за конкретните активности што би можела да ги преземе локалната самоуправа за да се намали опасноста од загадувањето на водите, почвата и воздухот во Јегуновце од шестовалентниот хром и другите отпадни материи, но и за здравствените проблеми на кои се жалат жителите од Јегуновце како последица на депонијата. Сепак, одговори од општинската власт не добивме.

Инаку, месното население, заедно со стручните студии што ги консултиравме, се сложуваат дека час поскоро треба пречистителната станица за отпадни води да се стави во целосна функција и да се спречи испуштањето на токсичните води од депонијата во реката Вардар. Истовремено, на долг рок најдобрата мерка за жителите и за целокупната животна средина е депонијата во Јегуновце да се исчисти од опасните материи и сиот отпад да се отстрани од локацијата.

Автори: Сања Наумовска Бојан Блажевски

loading...

go88 down

https://tai.sunwin.gg/