ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

КАРИЛ: Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспарентноста за смртта на младиот ракометар

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) преку соопштение до јавноста истакна неколку „факти“ за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот, поради, како што велат, „сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар“.

КАРИЛ информира дека пациентот бил примен рано утрото на 7 април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци на живот и без видливи повреди. Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш пристапиле кон срцева и белодробна реанимација, а по половина час била воспоставена срцева акција.

„И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При приемот на пациентот, повикани се сите екипи, од неврохирургија до абдоменална хирургија, торакална и трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија“, велат од КАРИЛ.

Глобалниот оток на мозокот што бил констатиран на томографијата, тврдат од Клиниката, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час.

„Времетраењето на враќањето на пациентот во живот е потврдено од колегите од неврохирургија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот“, додаваат од КАРИЛ.

Тот починал на 8 април во попладневните часови, после неколкучасовна борба за живот и неколку дополнителни реанимации, а телото по смртта било предадено на обдукција.

„Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта“, тврдат од КАРИЛ.

Од самиот прием во Ургентниот центар, МВР е известено за состојбата на пациентот, велат од Клиниката. Во текот на вчерашниот ден целокупната документација била предадена на Јавното обвинителство, додека денес медицинската документација била на увид и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

„Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспарентноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација. Се надеваме дека надлежните институции ќе го расветлат случајот во брзо време“, додаваат од КАРИЛ.

ОЈО вчера информираше дека хрватскиот ракометар бил нападнат во близина на дискотеката „Привилиџ“ во Градски парк, откако претходно КАРИЛ соопшти дека кај ракометарот немало видливи траги на насилство.

Од прегледаните видео записи, идентификувани се три лица кои се сомничат дека сториле убиство. Двајца од осомничените се лишени од слобода, додека првоосомничениот е во бегство.

loading...

chơi go88 online

sunwin club apk sunwin download sunwin trên ios