ГРУЈО ЌЕ ЛАЖЕ ДЕКА Е ПОШТЕН ДОДЕКА Е ЖИВ, НИКОГАШ НЕМА ДА ПРИЗНАЕ ДЕКА МУ ЛЕПЕЛО РАЧЕТО – Дали Груевски заборави дека во „бомбите“ зборуваше за парцели за „џабалк“?!

Бегалецот Никола Груевски, наместо од обвинителна клупа во Кривичниот суд да ја дава својата одбрана за „Плацевите на Водно“, тој по речиси секое рочиште, се правда од Будимпешта дека не поседувал таен имот. Згора на се, тој дел од обвинетите кои решија да не молчат, ги нападна дека лажат или се пазарат.

Но она што не го појаснува Груевски е зошто се интересирал за парцели кои веќе биле во приватна сопственост, односно зошто како премиер барал приватни инвеститори за парцели кои не се под владение на државата?

Таков е примерот со земјиштето од 11.000 метри квадратни, во месноста Шербетница, кои според обвинението Груевски од приватни сопственици го купува со партиски пари, на име на фирма, специјално отворена за таа намена и тоа од Белизе.

А згора на се, подоцна, наменски се менувани и ГУП-от и ДУП-от за да земјиштето стане градежно.

Можеби премиерот заборавил и на „бомбата“ 10, кога со тогашниот министер Миле Јанакиески зборуваат за една парцела, а Груевски споменува и нова, за која како што вели ја начекал за „џабалк“.

Груевски: Нели ти кажав дека во меѓувреме збркав друго.

Јанакиески: Знам, знам, океј е тоа.

Груевски: Е. Сега тоа ми е исто хитно како и ова. Дури похитно ми е тоа, знаеш.

Јанакиески: Добро.

Груевски: Тоа е многу поголемо, тоа го начекав јас за џабалк, ти кажував.

Другото земјиште пак опфатено во обвинението е уште една парцела на Водно од околу 3.000 квадратни метри , која била државно земјиште, но на јавно наддавање ја купила фирмата „ИТК инженеринг“ каде што сопственик или управител бил Александар Ивановски – Алек Теранова.

Според обвинителството, Груевски планирал земјиштето да го задржи за себе и да изгради барокна хациенда.

Но не биле само градежни парцели. Груевски, според обвинителството поседувал и тајни станови, а во финишот на судењето беше откриено дека за него се чувале три атрактивни стана, во вредност од 1,3 милиони евра, а во замена за парцелите на Водно.

За ова повеќе детали ќе прочитате во најновиот број на неделникот „Фокус“.

sunwin apk tải sunwin apk game sunwin

sunwin tài xỉu sunwin club tải sunwin apk

tải sunwin apk sunwin club sunwin.apk mới nhất

game sunwin sunwin sunwin web

sunwin.apk mới nhất game bài sunwin sunwin