Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
ВЛАДА: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Зајкова за „Фокус“: За преговарачката рамка потребно е без популизам пратениците јавно да расправаат во Собранието
Зајкова за „Фокус“: За преговарачката рамка потребно е без популизам пратениците јавно да расправаат во Собранието
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери
Вучиќ тврди дека се подготвува нова „Олуја“ – општ напад на северот на Косово
Вучиќ тврди дека се подготвува нова „Олуја“ – општ напад на северот на Косово
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран

Кичеец имал 30 дена прекин на затворската казна поради медицински причини

Осудениот на три години затвор во случајот „Рекет”, Зоран Милески Кичеец за кој дел од медиумите објавија дека е еден од повредените во денешната тешка сообраќајка кај Стража, имал прекин на казната во траење од 30 дена, поради здравствени кардиоваскуларни проблеми, објави Телма повикувајќи се на Управата за извршување санкции.

Од таму информирале дека на Кичеец решението му било потпишано на 8 август, а тој требало да се врати во затворот до 8 септември. Тој ги користел дури и правата на вработување надвор од затворот па дури и за годишен одмор од 24 дена.

Директорот на затворот во Струга Ваљон Ќуља, каде Кичеец ја издржува казната затвор, за МИА пак изјавил дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Во денешната тешка сообраќајка едно лице загина, а седуммина се повредени.

– Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените во ообраќајната несреќа. Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени – изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Меѓу полесно повредените, според болнички извори, е и Кичеец.

Зоран Милески призна вина за случајот „Рекет“, во кој се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски и спогодбено доби најниската затворска казна. Милески е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Тој на 26 октомври 2020 влезе во Казнено поправниот дом (КПД) Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години.

loading...

go88 club apk go88 cho ios cách tải game go88

https://tai.sunwin.gg/