Русија го погоди Киев со крстосувачки ракети токму кога генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и бугарскиот премиер Кирил Петков беа во посета на нашиот главен град, напиша министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба на Твитер.
„Со овој грозоморен чин на варварство Русија уште еднаш го демонстрира својот став кон Украина, Европа и светот“, стои во објавата.