ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари

КИНА НЕ СПАСИ, ОВА НИКОГАШ НЕМА ДА ИМ ГО ЗАБОРАВИМЕ – Пристигна донацијата од Кина – 100.000 дози вакцини од Синофарм

Денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ беше извршено примоопредавање на донација 100.000 дози вакцини од Армијата на Народна Република Кина за нашата земја во борбата против пандемијата. Донацијата ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Донацијата следува по средбата на министерката Шекеринска со кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава, кога двајцата министри се согласија дека глобалните кризи како што е оваа со пандемијата можат да се решат исклучиво низ заеднички напор и со голема меѓусебна солидарност.

„Ова е вистинска помош во вистинско време и со количина која сериозно ќе ни ги засили напорите да се бориме со пандемијата. Оваа количина на вакцини ќе ни даде шанса да го продолжиме процесот на вакцинирање на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана, но се разбира дека најголемата количина како и во претходните случаи ќе ја отстапиме за потребите на јавното здравство и за потребите на граѓаните. На ваков начин ќе обезбедиме и функционален одбранбен систем меѓутоа ќе понудиме дополнителна шанса во борбата против пандемијата која што го обедини целото наше општество и кое што претставува приоритет број еден на сите наши институции“ – изјави Шекеринска и упати благодарност за поддршката од Кина.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се работи за значително количество на вакцини која може значително да ја смени сликата за пандемијата во Северна Македонија.

„Ние со процесот на вакцинација со кинеските вакцини кои пристигнаа пред неколку недели, веќе започнавме вакцинација, тие се дистрибуирани, остана количина од уште 50.000 која треба да се аплицира и сега ова ќе биде количина која ќе ја додадеме и ќе продолжи процесот на имунизација по приоретизација за возрасните групи, понатаму за целокупното население во нашата земја. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот. Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина’ рече Филипче.

Амбасадорот на НР Кина Џанг Ѕуо во изјава за медиумите рече дека светот во моментот доживува длабоки промени благодарение на оваа пандемија и потребно е сите да се придржуваме кон мултилатерализмот и зајакнување на солидарноста и соработката.

„Кина е подготвена да продолжи активно да го поддржува народот на Северна Македонија во вашите напори за борба против епидемијата и да ги здружиме рацете за да напишеме ново поглавје во нашите пријателски односи меѓу нашите земји и војски“ истакна амбасадорот Ѕуо.

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

One Piece Episode 1000

Attack on Titan Season 2 (Dub)

gogoanime To Your Eternity

To Your Eternity Episode 11

anime to watch Death Note