🙏 Огромна благодарност до амбасадорот Џанг Ѕуо за оваа донација и поддршка за учениците од социјално – ранливите категории особено сега во состојба на пандемија, кога наставата во поголемиот дел ја следат од дома.
Ваквиот чин е само уште една потврда за добрата соработка меѓу двете земји. Нашата соработка како општина со Народна Република Кина очекувам и верувам дека продолжи и во други области.
Кинескиот амбасадор покажа и интерес и за новата индустриска зона, која нуди можност за лесна индустрија и комерцијални објекти и посочи дека #ГазиБаба ја гледа како идна локација за нови инвестиции на кинески компании.