Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Кирил Лазаров – Претседател на Македонско – Бугарската стопанска комора: Економските односи да бидат мотор во процесот на дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија

Почитувани,

Со задоволство сакам да ве известам за вчерашната успешна средба која ја имав со специјалниот преставник во преговорите со Бугарија, професорот Владо Бучковски и со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук

Па така од позицијата претседател на македонско-бугарската стопанска комора ја потенцирав важноста дека ако сакаме да имаме цврсти, принципиелни и братски врски со соседна Бугарија, тие врски пред се мораат да почиваат на економски темели и бизнис политики односно да создадеме силен динамичен инвестициски циклус и да успееме да развиеме проекти од стратешко економско значење за двете држави. Едноставно нема да може да имаме стабилни политички врски ако немаме солидни економски врски.

Имено, економските односи не смеат да застанат и во никој случај не треба да бидат заложнички фактор на политичките и дипломатските процеси на двете држави, напротив, тие треба да бидат моторот кои ќе ги придвижат процесите и да бидат своевиден пример дека ние сакаме и мораме да соработуваме од блиску, и одтаму сакав да ги промовирам можностите на економската дипломатија, и преку одредени сугестии што ги имаме како стопанска комора да се обидеме да ја наметнеме економската агенда која ќе даде само додадена вредност и значителен придонес во нашите односи.
Од нас како бизнисмени и од едната и дргата страна зависи колку ќе ги зближиме нашите граѓани, и јас мислам дека преку брзи автопати, експресни патишта, преку гасоводи, преку железнички и инфраструктурни проекти и преку нови гранични премини практично многу побрзо ќе ги зближиме нашите народи , отколку со историски толкувања, но тоа го оставаме на политичарите, јас сум денес во друга мисија, а тоа е како преку една силна и динамична економска дипломатија да ги пробиеме бариерите и да покажеме зрелост дека бизнисот, економијата и инвестициите не смеат и не можат да бидат ставени под ризик од политиката, напротив ние треба да бидеме машината која ќе влече напред.

Имаме патоказ, имаме платформа и траекторија по која треба да се движиме и во суштина и самиот берлински процес тоа го наметна и стратешки го исцрта , а тоа е како треба да изгледа овој регион. Да потсетам дека минатата година ние и Бугарија, а под покровителство на Германија бевме домаќини на тој процес и во тој контекст ние имаме и одговорност овој стратешки економски концепт да заживее во југоисточна Европа, и на располагање ќе бидат десетици милијарди евра за развој на инфрастуктурата, коридорите и развивање одржливи енергетски проекти. Ќе биде штета ако не ја искористиме оваа можност.

Ги информирав и специјалниот преставник Бучковски и европратеникот Ќучук дека ние како држава го комплетиравме и завршивме граничниот премин Клепало, кој од Берово ќе се влегува во Бугарија, и нестрпливо чекаме бугарската страна да го заврши својот дел. Имав задоволство да ги реафирмирам сугестиите од комората за забрзување на сите започнати проекти како на пример ескпресниот пат кон граничниот премин Деве Баир кој е во градба, можноста за гасното поврзување Струмица – Петрич, железничка линија Ново Село – Петрич за можноста за соодветен извоз на земјоделски продукти, понатаму за можното експрено патно решение Ново Село – бугарска граница, а, зошто да не во иднина и автопат, за зголемување на стопанската размена и многу други идеи во економска смисла.
Секако, позитивна беше подршката која ни ја даде специјалниот преставник Владо Бучковски во однос на економската динамика која ја планираме и ја поздрави нашата иницијатива како комора да успееме да ја вратиме довербата на бизнисмените од двете држави преку економски политики

И, на крај ја искористив приликата од името на македонско-бугарската стопанска комора која во основа промовира Бизнис без граници на господинот Илхан Ќучук да му врачам Благодарница како резултат за постојаната поддршка што ја дава и ќе ја дава на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграција.

loading...

go88 play go88 go88 ios hack tài xỉu go88 miễn phí

sunwin house bradford bảng tài xỉu sunwin cách soi cầu tài xỉu sunwin