КИСЕЛА ВОДА СТАНУВА БАСТИОН НА СДСМ – ШИЛЕГОВ: Заедно со премиерот Зоран Заев, градоначалникот Филип Темелковски, и носителките на листите за советници на Град Скопје и Кисела Вода, Софија Пејкова и Емилија Трајковска денес сме во победничка Кисела Вода

Пред 4 години ја започнавме нашата заедничка приказна барајќи промени. Работевме посветено, чесно и одговорно и успеавме! Скопје денес е многу подобро од пред 4 години. И тоа е така затоа што Скопје го заслужува најдоброто. Вложивме многу љубов во секое маало, во секое катче од нашиот град.

Во Кисела Вода за само еден мандат целосно ги реконструиравме улиците Антон Попов, Бихаќка, Црниче, Востаничка и Жарко Зрењанин. Изградивме кружен тек на раскрсницата на бул. Србија со ул. Христо Татарчев. Во завршна фаза е изградбата на ул. Есенинова, а започнавме и со изградба на бул. Борис Трајковски од Пинтија до Драчево. Само во Кисела Вода успеавме на местата на некогашните диви депонии да подигнеме над 22.000 метри квадратни нови паркови површини каде се засадени над 1000 садници. Ги реконструиравме средните градски училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница.

Сето ова го постигнавме заедно. Ништо од ова не ќе беше можно без вашата поддршка.

Затоа на 17 октомври заокружете го бројот 12 ЗА ПОБЕДА, ЗА НАЈДОБРОТО ЗА СКОПЈЕ, ЗА НАЈДОБРОТО ЗА КИСЕЛА ВОДА!

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #Најдоброто