МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

КОЈ МОЖЕШЕ ОВА ДА ГО ПРЕДВИДИ – АРТАН ГРУБИ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРОТИВ БУГАРИТЕ: Принципот на самоопределување за јазик, идентитет и припадност не се определува со договори и трактати, туку со принципите на божествениот закон

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

„Албанскиот народ зборува еден јазик што, настрана на природните
трансформации на елементите од кои што ниту еден друг јазик не бил
поштеден до денес, не може да се поистовети со другите келтски,
латински, германски, словенски или хеленски јазици, освен таму каде што
се среќава со нив со обединети индо-германски корени. Сите што зборуваат
на овој јазик имаат националност потполно одделена и целосно одвоена од
онаа на другите народи во Европа.„

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Токму преку овој дел од говорот на отецот Ѓерѓ Фишта одржан во текот на
1919 година на Конференцијата во Версај во Париз, првиот вицепремиер и
министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби го
започна својот свечен говор по повод одбележувањето на 22 ноември, денот
на Битолскиот Конгрес и денот на албанската азбука.

По овој повод, Груби соопшти дека оваа година ја одбележуваме и
80-годишнината од смртта на големиот Ѓерѓ Фишта, претседателот на
комисијата за изготвување на азбуката на Битолскиот Конгрес, на кого му
ја посветуваме оваа годишнина од денот на Албанската азбука.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Вицепремиерот Груби рече дека причината зошто го избрав ова пророштво
произлезена од големиот Фишта за да го вратам во сеќавање денеска, е
поврзаноста, зависноста и потребата да се потсетиме на последиците од
конференцијата во Версај, која не успеа да стави крај на причините за
Првата Светска Војна и предизвика дополнителни последици што се
чувствуваат силно и денеска

Груби, исто така, по повод свечениот говор со кој се одбележа 22
ноември, денот на Албанската азбука, рече дека судбините на нашите
народи во нашата земја се меѓусебно поврзани. Заедничко ни е
патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграција.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Првиот вицепремиер Груби потсети дека принципот на самоопределување за
етничката припадност, јазик и идентитет не може да се утврди со договори
и трактати, туку само врз принципите на божествениот закон.

Денес, на 22 ноември, на одбележувањето на денот на Албанската азбука,
минатото не смее да ја држи иднината во заложништво. Методите и
вредностите на 19 век не можат да се вратат во 21 век.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

На крајот од својот говор, Груби во име на Владата на Република Северна
Македонија, сеќавајќи се и поклонувајќи се пред сите мажи и жени на
нацијата кои со децении и векови се труделе за подобро утре, им го
честиташе на сите Албанци 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и
азбуката на Албанскиот јазик.

Со почит,
Сектор за односи со јавност
Кабинет на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи
меѓу заедниците

loading...