КОЛКУ НИСКО ПАДНА ОВОЈ ЧОВЕК – БИШЕВАЦ ФАТЕН КАКО МАНИПУЛИРА: Tоа што во Русија има антивоени протести, не значи дека е демократска држава

Антивоентите протести во Москва, Санкт Петерсбург и во други руски градови, не се доказ дека руската држава има демократски капитал, како што спинува Бишевац. Големиот број на апсења, цензурирањето на одредени медиуми и на поголемиот дел од социјалните мрежи го тврди токму спротивното. Неточно и манипултивно е и тврдењето дека Украина не примила ниту еден бегалец од жариштата во Сирија, Авганистан и Ирак. Податоците на УНХЦР велат дека во 2020 година во Украина престојувале 2.172 беглаци и 2.430 баратели на азил. Дел од тие бегалци, кои претходно побегнале од воените жаришта од Блискиот Исток, сега повторно се бегалци, обидувајќи се да избегаат од уште една војна во земјата во која нашле засолниште, пишува „Вистиномер“ во својот нов Контраспин.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, во гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 искажа најмалку два спина поврзани со руската инвазија врз Украина којашто започна пред три недели.

Спин 1: Русија не е така диктаторско и затворено општество како што се обидува светот да го прикаже. Ако во една таква Русија, со таква власт на Путин илјадници луѓе излегуваат на улиците и протестираат против војната, тоа значи дека во таа држава постои демократски капитал кој се ефектуира со протести. Да, ќе кажете и ги апси. Се разбира дека ќе апси, тоа е официјалната страна на руската политика (07:10 – 7:40 во видеото).

Контраспин: Поранешниот пратеник Сафет Бишевац спинува дека Русија е демократско општество, само затоа што луѓе излегле на протест за да го искажат своето негодување за воената инвазија што ја спроведува нивната држава на друга суверена и независна држава. За каков демократски капитал говори Бишевац во ситуација кога има илјадници уапсени за време на антивоените протести во повеќе градови во Русија?! Нема тука ама баш ништо демократско, туку јасна цел да се задушат протестите и да се внесе „страв во коски“.

Протестите во Москва, Санкт Петерсбург и во други руски градови, не се ниту агресивни, ниту пак, демонстрантите ѝ се спротивставуваат на полицијата, за таа да ги приведува и да ги растура собирањата. Едноставно луѓето излегуваат на улица да протестираат против воените акции на нивната влада и повикуваат да се стави крај на војната.

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди копнена, воздушна и поморска инвазија на Украина на 24 февруари, руската организација за човекови права ОВД-Инфо објави дека до 13 март имало над 14.000 апсења за време на протестите. Од нив, на повеќе од 170 лица им е одреден притвор.

Шрафовите целосно се затегнуваат – во суштина сме сведоци на воена цензура“, вели Марија Кузњецова, портпаролка на ОВД-Инфо за „Ројтерс“.

За да го смири несогласувањето кај своите граѓани, власта во Русија ја интензивираше акцијата против независните руски медиуми и го прекина пристапот до платформите на социјалните медиуми како Твитер, Фејсбук и Инстаграм и го прогласи ширењето „лажни информации“ за војната за кривично дело. Законот кој стапи на сила на 4 март со кој се криминализира независното известување за војната и протестите против војната, предвидува казни до 15 години затвор.

Многу е тешко луѓето да излезат на улица и да протестираат. Секој што се обидува да излезе или изгледа како демонстрант е насилно одвлечен, вели Бернард Смит од „Ал Џезира“, известувајќи од Москва, притоа додава дека во еден случај, една жена била влечена само затоа што држела празно парче бела хартија.

Новинар на новинската агенција „Франс прес“ присутен на протестите во главниот град Москва сведочи за најмалку десетина апсења и вели дека полицијата приведувала секого без новинарска легитимација.

Така што, тоа што се случуваат протести никако не значи дека државата е демократска, како што тоа сака да го прикаже Бишевац. Големиот број на апсења, цензурирањето на одредени медиуми и на поголемиот дел од социјалните мрежи го тврди токму спротивното.

Спин 2: Истата таа Украина пред неколку години не сакаше да прими ниту еден бегалец од воените жаришта во Сирија, Авганистан, Ирак итн (13:15 – 13:28 во видеото)

Контраспин: Ова е уште една манипулација што Бишевац ја направи за време на интервјуто. Тврдењето дека Украина не примила ниту еден бегалец од жариштата во Сирија, Авганистан и Ирак не е точно.

Податоците на УНХЦР велат дека во 2020 година 2.172 беглаци и 2.430 баратели на азил престојувале во Украина. Украина до пред инвазијата нудела статус на бегалци и комплементарна заштита на оние кои избегале од прогон и војна во нивните земји ( по потекло од над 60 земји). Некои од нив успеале да научат украински, да најдат работа, да започнат бизнис и да се интегрираат, а други се соочиле со предизвици при интегрирањето. Дел од тие бегалци, кои претходно бегале од воените жаришта во Јемен, Авганистан и Сирија, сега повторно се бегалци обидувајќи се да избегаат од уште една војна во земјата во која нашле засолниште.

На бегалците од воените жаришта од Блискиот Исток, крајните дестинации им беа земјите членки на ЕУ. Токму затоа бројот на бегалци коишто побарале азил во Украина се малку, а не затоа украинската држава што не сакала да ги прими. Иста е ситуацијата и со Северна Македонија, која беше транзитна дестинација на илјадници бегалци, но бројот на оние коишто сакаа да останат во нашата држава и тука да побараат азил е многу мал.

Оттука, тврдењата дека Русија е демократска држава и дека Украина не примила ниту еден бегалец од други воени жаришта се извртување на вистината и фактичката состојба и ги оценуваме како спин.

tải sunwin apk sunwin apk tải sunwin

sunwin tải sunwin tải sunwin

game bài sunwin sunwin sunwin.apk mới nhất

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin web

sunwin club sunwin tài xỉu game bài sunwin