(ВИДЕО) Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски смета дека не е мала листата на лица во Македонија кои се засегнати од извршната наредба на Бајден
(ВИДЕО) Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски смета дека не е мала листата на лица во Македонија кои се засегнати од извршната наредба на Бајден
Ѓоргиев: Мешовитата комисија е во методолошки ќорсокак
Ѓоргиев: Мешовитата комисија е во методолошки ќорсокак
Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Треба да бидеме во чекор со постпандемичните потреби како дигитализацијата
Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Треба да бидеме во чекор со постпандемичните потреби како дигитализацијата
Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје
Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА

КОЛКУ СМЕ, ТОЛКУ СМЕ, ДАЛИ СМЕ ТОКМУ ТОА Е ДРУГА ПРИЧА: На крајот на 2019 во Македонија имало над два милиони жители, според ДЗС

2 502 892 ова е бројот на македонски државјани. Податок го добивме од МВР според евиденицјата на матични броеви, но овде се опфатени сите државјани, и тие во земјава, и тие во странство.

МВР треба да биде една од институциите чии бази на податоци ќе се користат за пописот планиран за следната пролет. Според, предложениот, но се уште не донесен закон пописот ќе се спроведува со комбиниран метод, па така покрај традиционалното собирање податоци теренски, ќе се користат и регистрите со податоци на институциите.

ОДИМЕ СЕКАДЕ, КАЈ СЕКОГО, НО НЕ ГИ СОБИРАМЕ СИТЕ ПОДАТОЦИ. ОНА ШТО ГО ИМАМЕ ВО БАЗИТЕ, НОРМАЛНО ЗА ТОА ЛИЦЕ ЗА КОЕ ПРАШУВАМЕ ЌЕ ИМА МОЖНОСТ ДА ГИ ВИДИ ТИЕ ПОДАТОЦИ, ДА ПРОВЕРИ ДАЛИ МУ СЕ ТИЕ ПОДАТОЦИ, ЕВЕНТУАЛНО НЕ СЕ ЗАСТАРЕНИ ВО СМИСОЛ СЕ НАПРАВИЛА ПРОМЕНА АМА ТОЈ НЕ ЈА АЖУРИРАЛ НА ВРЕМЕ ТАА ПРОМЕНА, ПА ВО БАЗАТА СТОИ НЕКОЈА СИ ПРЕТХОДНА СОСТОЈБА. МЕЃУТОА ТОА СЕ МНОГУ РЕТКИ ИСКЛУЧОЦИ, ВЕЛИ АПОСТОЛ СИМОВСКИ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Според Заводот за статистика на крајот на 2019 населението во земјава изнесувало 2 076 255. Но, Симовски објснува дека оваа бројка се формира врз основа на пописот од 2002 во комбинација со бројките на родени и починати од тогаш, како и информациите за надворешна миграција. Но, официјалните податоците за иселените не ја отсликуваат реалната . Прецизен одговор може да даде најмасовно статистичко истражување, кое во земјава не е направено речиси две децении,

МВР има податоци на иселени македонски државјани кои се пријавиле дека се во странство или пак биле регистрирани кога ваделе документи во амбасадите. Бројката што ја добивме е 158 122. Надвор од државата се водат 103 883, а статус Дијаспора имаат 54 239 лица.

Но, овде недостасуваат оние граѓани кои работат и живеат во странство а не се регистрирани по никој основ. Сериозно поголема бројка на иселени покажа извештајот на Светска банка за миграција според кој над 440 илјади граѓани ја напуштиле земјава до 2010.

Според директорот на статистика предвидено е во моменталното населени да се пребројат освен резидентите и оние кои се иселени не повеќе од 1 година како и странците кои живеат тука повеќе од 1 година. Во посебна категорија ќе бидат преброени македонските државјани кои живеат во странство повеќе од една година .

Од Еуростат не се мешаат во однос на попишувањето на ислелениците. Очекуваат генерално пописот да се проведе според препораките на ОН.

ОВА ТРЕБА ДА ГО РЕШАТ ВЛАСТИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. ВО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕУ ЗА ПОПИСИ, ГЛАВНИОТ ПРИНЦИП ШТО СЕ ПРИМЕНУВА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПОПИСОТ СЕ ПОСТОЈАНИТЕ ЖИТЕЛИ НА ДРЖАВАТА КАДЕ ШТО СЕ СПРОВЕДУВА ПОПИСОТ. ЕВРОСТАТ НЕМА КОНКРЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОПИСОТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ОСВЕН ОПШТИОТ СОВЕТ ДЕКА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДАТ ПОПИС СО СОГЛАСНОТ СО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕУ, КАКО ДЕЛ ОД ПРИСТПАНИТЕ ПОДГОТОВКИ.

Користевме податоци и од бази на други институции. Речиси 1,9 милиони граѓани се здравствено осигурани. Но, ФЗО нема податок колку лица не се сигурани. 402 илјади од осигурениците се под 18 години. Бројот на малолетни може да се бара и во базите на министерствата за образование и труд и социјала. Оваа учебна година запишани се 185.332 основци, 70.889 средношколци а 2600 деца не тргнале во прво одделение. 37.599 деца годинава се запишале во градинка.

МВР е податливо и за тоа колку граѓани имаат имаат важечки лични карти над 1,7 милиони ( 1 734 244) што е пониско од бројот на гласачи на последните избори ,1 814 263 односно бројот на полнолетни граѓани со право на глас.

Но, пописот треба да одговори не само за бројот на население, туку и колку домаќинства има, со по колку членови, колкава е генерациската разлика, кои јазици се користат, каква е распределбата по градови и села какво е образованието на населението, но и многу други аспекти. Тоа ќе биде основа на која ќе се прават анализи ќе се планираат совијални економски политики и стартегии за развој.

Според последниот попис, во 2002 имало вкупно насление 2 022 547, главниот град имал 506 926 жители а во цела држава имало 564 237 индивидувални домаќинства.

ИЗВОР: ТЕЛМА

loading...

WCOStream mickey and the roadster racers wcostream: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 26 (https://wcostream.cc/m/DyBj/ep-26)

AniWatch aniwatch.me: Tokyo Ghoul (https://aniwatch.pro/m/3kL) Episode 12