Го прилагодуваме нашето работно време според потребите на клиентите.
Во дел од експозитурите воведуваме работа во сабота од 9 до 12 часот. Во сабота ќе бидат отворени Централата на Банката и експозитурите Бисер, Автокоманда, Цветан Димов и Сити Мол.
Во сабота од 9 до 12 часот ќе бидат отворени и филијалите на Банката во земјава и тоа во: Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип.
Од понеделник, 19.10. со работа започнува експозитура Облешево која ќе работи од 8 до 16 часот од понеделник до петок.
Во Скопје, од понеделник, 19.10. започнуваат со работа 4 експозитури кои беа привремено затворени: Ѓорче Петров 2, Кјуби, Расадник и Ново Лисиче. Работното време на овие експозитури е од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. Ажурираното работно време на сите експозитури и филијали можете да го видите на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1410&lang=1&uc=40…
Ваша, Комерцијална банка.