Ако решиме да рушиме 50 000 куќи, ќе ни требаат 50 милиона евра само за рушење плус уште 500 милиона евра за пак да им ги изградиме куќите според план затоа што не мислите дека треба да оставиме 100 000 народ на улица без покрив на главата?!

Рано е да се тргнат маските на отворено, за тоа ќе се разговара следната недела, вели Филипче
Рано е да се тргнат маските на отворено, за тоа ќе се разговара следната недела, вели Филипче
МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието
МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието
(ВИДЕО) САМО ВО СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ СРУШАТ 15 000 КУЌИ АКО НЕ ГО ДОНЕСЕМЕ ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ
(ВИДЕО) САМО ВО СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ СРУШАТ 15 000 КУЌИ АКО НЕ ГО ДОНЕСЕМЕ ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ
БИТКА ЗА НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ: БОГОЈЕСКИ ОД МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ГО СТИГНА АПАСИЕВ ПО ПОПУЛАРНОСТ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ!
БИТКА ЗА НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ: БОГОЈЕСКИ ОД МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ГО СТИГНА АПАСИЕВ ПО ПОПУЛАРНОСТ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ!
БРАВО - СДСМ ДОНИРА СПОРТСКО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО СЕЛО ЖЕЛИНО, ТЕТОВСКО
БРАВО - СДСМ ДОНИРА СПОРТСКО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО СЕЛО ЖЕЛИНО, ТЕТОВСКО
Фијаско на протестите на ВМРО-ДПМНЕ против реформите во образованието, граѓаните не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец
Фијаско на протестите на ВМРО-ДПМНЕ против реформите во образованието, граѓаните не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец
(ВИДЕО) БОМБА ОД БИХАЧКА: Со 50 милиони евра градиме откупно-диструбитивни центри во Скопје, Ресен и Струмица, продолжуваме со инвестиции во земјоделството
(ВИДЕО) БОМБА ОД БИХАЧКА: Со 50 милиони евра градиме откупно-диструбитивни центри во Скопје, Ресен и Струмица, продолжуваме со инвестиции во земјоделството

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И ОВАА ГОДИНА БЕШЕ ПОКРОВИТЕЛ: Игор Лозаноски ја доби наградата „Новите!“ за 2020 година

Игор Лозаноски ја доби наградата „Новите!“ за 2020 година
Жирито за доделување на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“, во состав Фросина Крушкаровска, Алекс Букарски и Давор Стојановски, одлучи петнаесеттата награда „Новите!“, за 2020 година, да ја додели на збирката раскази „Исповед на еден телевизор“ од Игор Лозаноски.

Од вкупно пристигнатите 24 ракописи во потесниот круг за наградата влегоа ракописите на шест автор(к)и: Стефан Алијевиќ, Ангела Бошкоска, Ива Дамјановски, Игор Лозаноски, Мила Ноневска и Никола Кузелов.

Книгата на Лозаноски, на крајот најдобро оценета, претставува збирка од 25 куси раскази обединети или и проникнати од една клучна тема или расположение: отуѓеноста на модерниот човек во општество кое постепено и видливо се распаѓа, првенствено под растот и тиранијата на технологијата. Во таквото општество технологијата го зграпчува и парализира не само вниманието туку и идентитетот, туку ги претвора корисниците (некогашните „граѓани“) во безлични школки во кои шуштат комуникациски шумови, а се ослободени од одговорност, учество, заедништво, смисла, увид… Во таа смисла, расказите на Лозаноски веродостојно ги рефлектираат тегобноста и неснаоѓањето не само на младите луѓе во нашиот град и држава, туку и пошироко. Пандемијата само го засили тоа пленетарно чувство на тегобност, мошне присутно во книгата „Исповед на еден телевизор“.

Ликовите во расказите на Лозаноски колажно се врзуваат, со што се создава некаков каталог на ликови, неретко стереотипизирани и безлични – но на тој начин потенцирајќи ги некомуникабилноста, атомизираноста и инерцијата на меѓучовековите релации. Во куси, отсечни реченици, ослободени од украси, авторот ги соочува читателите со баналното секојдневие на таа менажерија од ликови, вградувајќи го и својот авторски глас во таа невесела атмосфера. Ликовите трпеливо ги загребуваат и осознаваат околината и градот, се обидуваат да учествуваат во тешко предвидливите промени, но всушност ненамерно ги помагаат истите фактори од кои се турнати во безнадежнос

Градот во кој се случуваат расказите наликува на Скопје, но можеби е тоа некакво малку изместено, дистописко Скопје. Зад индивидуалните драми кои немо се расплетуваат – некои од нив директно инспирирани од нашата мачна пандемиска сегашност – тлее тегобна атмосфера на општество кое налудничаво се фрагментира и затвора.

Лозаноски би можел во иднина, ако продолжи да пишува проза, да надмине одредени слабости, јазички, стилски, драматуршки, и да биде поотворен кон играта, експериментот и понеконвенционалните стилски решенија (кои би требало да бидат суштина на секоја уметност, па и на книжевноста).

И покрај слабостите, горе-долу очекувани за еден дебитант, расказите од збирката „Исповеди на еден телевизор“ за нијанса се издвоија од другите пет најдобро оценети ракописи.

Покровител на наградата „Новите!“ веќе петнаесет години, од самиот почеток, е Комерцијална банка, Скопје.

Игор Лозаноски е роден на 07.02.1990 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет на катедрата за Менаџмент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Работи во приватна фирма во друга струка. Со поезија и проза аматерски почнал да се занимава од десет години, за веќе на тринаесет години да знае дека е на вистинскиот пат и дека тоа е неговиот сон. Првите почетоци се во 2006 година кога негови песни се објавени во средношколскиот училишен весник Орце Инфо. Досега ги има објавено збирките поезија Така дуваше ветерот – Барок и романтизам (2018) и Плодови на минатото (2020)

Застапен е во повеќе македонски антологии и книжевни списанија, како Раст, Современост, Книжевни Елементи и други. Исповед на еден телевизор е прво негово прозно остварување.

loading...

AniWatch anime stream: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. (https://aniwatch.pro/m/XzK4) Episode 2

GoGoAnime gogoanime bleach: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 8 (https://gogoanime.be/m/yOz4/ep-8)